Домашни филмови достапни бесплатно на MaxTV на Телеком
Триесет и осум култни, легендарни македонски филмови, од неодамна можат да се гледаат во Видеотеката на дигиталната телевизија MaxTV на Телеком. Меѓу нив се и незаборавните „Фросина“, „Најдолгиот пат“, „Црно семе“, „Исправи се, Делфина“, „Џипси меџик“, „Тетовирање“, како и поновите „Панкот не е мртов“ и „Медена ноќ“.
Корисниците на MaxTV можат да уживаат во домашните филмови кои пропуштиле да ги гледаат или, пак, сакаат да се потсетат на нив во сосем нови околности и друг контекст. Овие филмови се вистинско културно богатство што треба да се пренесува низ генерациите како заедничка културна меморија. Белег на просторот провлечен низ различни времиња.
За филмовите веќе постои голем интерес што самото по себе ја потврдува заложбата на Македонски Телеком да креира пакети и содржи од особено значење за своите корисници и уште поважно – да се приближи кон нивниот општ интерес и културните потреби и очекувања.