Дополнителни опции за корисниците на новата Magenta 1

- Повеќе мобилен интернет, интернет во роаминг, СМС пакет или Oпција Video без надомест

-Избор секој месец преку апликацијата Telekom MK

Новата Magenta 1, која нуди флексибилност во изборот  и комбинирањето на  услугите, отсега  е збогатена со  промотивни дополнителни опции, кои корисниците можат да ги активираат по нивен избор и без надомест. 

Во зависност од тарифниот модел на мобилните линии, може да се избере повеќе мобилен интернет, интернет во роаминг, СМС пакет или Опција Video. Изборот на опциите се прави единствено преку мобилната апликација  Telekom MK со која лесно и онлајн може да се управува со сите услуги.

Корисниците може да изберат една од опциите на секои триесет дена, а по истекот можат да ја активираат истата или друга опција по избор.

Magenta 1 нуди повеќе и овозможува побогато дигитално искуство, флексибилност и уникатност во изборот на расположливите опции, презентирани на интерактивната веб страница на Македонски Телеком.