Досада во бракот – не доаѓа сама од себе

На веста дека некој пар се разведува, повеќето од луѓето, прво помислуваат дека причина е измамата. Но, грешат. Од заседа се кријат поопасните непријатели на љубовта.

На пример, можеби се работи за досадата, која многумина ја нарекуваат потенцијален убиец на врската. Во нејзината замка паѓаат сите, и оние за кои изгледа се чинеше дека се создадени еден за друг, но и оние кои поминале големи раскрсници, како раѓање на наследник, па дури и постарите партнери кои ги испратиле своите возрасни деца во нов живот. Бројни истражувања потврдуваат колку е присутна досадата.

Токму „досаден“ е најчестиот епитет со кој паровите го опишуваат својот брак. Очекувано, жените почесто се жалат на досада отколку мажите, а едно истражување покажало и кога таа точно се појавува - по 11 години и 7 месеци.

Дали монотонијата е неизбежен следбеник на долгогодишни врски и бракови? Што е нејзина причина? Како може да ни биде досадно со некој кој го сакаме? Што да правиме кога сфатиме дека врската ни станала предвидлива?

Психологот и психотерапевт од регионот Светлана Слепчев истакнува дека монотонијата во врската е невозможна ако луѓето се компатибилни во животни подрачја кои ги сметаат за важни, ако низ животот се менуваат во иста насока и ако се активно опкружени со односот, како едниот, така и другиот.

„Монотонијата не доаѓа сама од себе, туку затоа што престанавме да се трудиме околу односите или затоа што од старт не бевме еден за друг. Многумина влегуваат во брак бидејќи се осамени, некој е „добра прилика“, жената останала бремена, или тоа се очекува кога се во долга врска или затоа што мислат дека немаат веќе време да ја бараат вистинската љубов, па се убедат себеси дека личноста со која моментално се во врска, е најдобрата опција. Меѓутоа, тоа се огромни грешки. Уште од почетокот, нема добар темел на односи“ предупредува психологот.

Таа нагласува дека монотонијата може да се јави во различни фази на односите. Една од нив, според нејзини зборови, настанува по почетното доживување на заљубеност и занесеност, која често е поврзана со сексуалната привлечност.

„ Посебно е силна кај лица кои претходно биле осамени и желни за внимание, возбудување и интимност, па ако не постојат доволно други причини, тоа ќе прерасне во долготрајна врска. Во многу бракови, монотонијата се јавува многу брзо по влегување во заедница или по добивање на деца, посебно во случаи кога луѓето стапуваат во односи, притоа се вклучени некои од споменатите причини, кои немаат врска со љубовта. Може да се случи и партнерите низ годините да се менуваат во различни насоки, обично поради тоа што не разговараат отворено за новите изгледи во себе, желбите и погледи на врската и животот“,вели психологот.

Значи, не се поштедени ни оние кај кои во почетокот се било во ред, но се тек на време се оддалечиле. Некогаш со нетрпение ја очекувала секоја СМС порака, облеката за облекување внимателно ја избирала, без здив ја слушала секоја реченица. А потоа СМС пораките станале предвидливи, фустаните им отстапиле место на удобните маички, а речениците се слушаат „со половина мозок“.

Од романтиката партнерите најчесто се откажуваат после две и пол години брак, што не мора да биде опасно, но е знак за аларм, бидејќи кога престанеме да се трудиме, тогаш почнува крајот.

„Досадата не е причина за оддалечување од партнерот, туку сигнал дека дошло до тоа. Може да настане и ако двојката не посветува доволно внимание, време и енергија, а и со самиот однос, бидејќи се окупирани со други случувања, во животот, пари, успех, социјален статус, академско усовршување, па повеќе се трудат да ги постигнат тие цели. Тогаш секако би требало да размислат и разговараат зошто и како дошло до тоа“, предупредува психологот.

„Како и убавината, и чувството на досада е во окото на набљудувачите - она во што една личност ужива, на друга може да и биде монотоно. Повеќето испитаници во едно канадско истражување се сложиле дека прв показател на досадата во врската е недостигот од интерес на партнерот. Ако ни е досадно, а ништо не правиме по тоа прашање, може да се случи забавата да ја побараме од страна, што може да резултира со неверство. Затоа, кога ќе сфатиме дека сме паднале во монотонија, треба да бидеме искрени и да разговараме со партнерот, бидејќи само така можеме да креираме содржаен и возбудлив однос“, советува психологот.

„Важно е партнерите да имаат слични интереси, вредности и животен стил, но и со тек на времето, да пронаоѓате нови работи во кои двајцата ќе уживате. Ако веќе сте свртени кон родителството и сакате големо семејство, а партнерот е насочен на кариерата, веројатно вам, порано или подоцна, ќе ви стане досадно во односот, бидејќи не делите исти животни приказни“, вели психологот.

Не се неважни ниту интересите. Иако експертите често говорат дека тие не се пресудни за успехот на врската, не е лошо партнерите да делат некои заеднички интереси бидејќи така имаат за што да зборуваат.

„Ако еден партнер сака да биде физички активен и да поминува време во природа, а другиот истата активност ја доживува како напор, секако дека ќе ви стане досадно, бидејќи имате поинакви погледи на тоа како сакате да го поминувате слободното време. Многу е добро ако партнерите сакаат исти работи и работат нешто заедно, водат заеднички бизнис, имаат исто хоби, тренираат или можеби се залагаат за исти социјални цели, кои ги гледаат како значајни и смислени. Тогаш секогаш ќе чувствуваат страст кон истите работи и ќе имаат што да делат. Тоа не значи дека секој момент ќе биде супер забавно, може да се јават и ситуации на досада, но тоа нема да биде доминантно чувство во односот“, заклучува психотерапевтот. И сексот е предвидлив

Следните знаци укажуваат на досада во бракот:

  • Се поретко разговарате, па дури не се ни карате
  • Ставовите и хобија на вашиот партнер не ве интересираат,
  • Сексот стана предвидлив
  • Слободното време го поминувате гледајќи телевизија и интернет наместо во заеднички активности
  • Помислата дека за викенд или одморот ќе го поминете со пријател, наместо со партнер ве воодушевува
  • Не се сеќавате кога последен пат сте отишле на романтична вечера
  • Не го изненадувате партнерот дури ни за роденден