Моден фокус // Трендови
Сексапилна и во тантела, ја разгоре љубопитноста: Што носи под палтото?!
Во многу случаи досега сме забележале, дека црната боја е омилена за пејачката Елена Ристеска. Обожува да ја комбинира во различни модни изгледи, како со фармерки, топ со интересен крој, долги фустани, палта, куси фустани.
Изгледот кој последно го објави на нејзиниот Инстаграм дефинитивно ја „запали“ оваа социјална мрежа.
Елена сексапилна и со умерена доза на провокација ја разбуди фантазијата, што се крие под кобинизонот од тантела и долго палто?!
Пејачката одбрала комбинација за медала. Обрнала внимание и на деталите, како накитот и шминка кои направиле „фајнал тач“ на нејзиниот изглед. Златни обетки во вид на ружа и црвен кармин.
Ваквиот стајлинг Елена го надополнила со високи црни потпетици.
Фото: ИнстаграмРЖМ