Доста цимолиш Меган, врати се во Америка: Жестоки напади врз Маркл

Контраверзниот британски водител Пирс Морган упати лута порака до Меган Маркл, откако прочита дека нејзиниот тим им забранил на луѓето да ја сликаат на Вимболдон минатата недела. 

Меган со две блиски пријателки седела на најдобрите места резервирани за кралското семејство и го гледала мечот помеѓу Серена Вилијамс и Каја Јуван. Една жена од публиката ја фотографирала Серена со мобилниот телефон, а потоа обезбедувањето на војвотката, мислејќи дека ја слика неа, ја опоменало дека тоа е забрането. 

„Урнебесна е оваа комедија околу приватноста на Меган и на Хари. Како прво, лицемерно е, како второ, тие не се приватни лица. Тие се војводата и војвотката на кои што ние им плативме да живеат во таа вила. Одиш на Вимболдон со билети кои не си ги платила. Престаниш да цимолиш за приватноста Меган. Доста е. Ако сакаш приватно да живееш, врати се во Америка“, изјавил водителот Пирс. 

Фото: „The Sun“