Драган Б.Костиќ: Немам пари и девизни сметки, во скриени сништа ги посакувам

Легендарниот радио и Тв новинар и диџеј Драган Б.Костиќ вчера наполни 69 години. Авторот на ТВ шоуто „Б со точка“ и на радио емисијата „Кавервил“ со оргинален статус им се заблагодари на своите пријатели на честитките.

„ Немам пари. Немам,куќи, автомобили, девизни сметки оваму или онаму. Можеби во некои скриени сништа и ги посакувам. Но, дали би бил посреќен? Не верувам.

Не! Сигурен сум! Затоа што и без сето тоа јас сум богат. Затоа што имам стотици и стотици незнаени и знаени пријатели кои ти посакуваат сѐ најдобро. Затоа што со своето постоење си бил создаден да им го разубавуваш секојдневието, со генерации, за да бидеш нивното убаво денес за низ спомени во нивното утре. И одново и одново...
На сите на кои не успеав и лично да им се заблагодарам, од срце ви БЛАГОДАРАМ, за роденденските честитки и убавите желби“, напиша Драган чии емисии „Заборави ако можеш“ и “Диско селектор“ беа и останаа музичка лекција за многу генерации.