„Дури и кога сум многу уморен процесот на создавање на музика ме мотивира“: Александар Спасенцовски за Женски магазин

Добивај вести на Viber

Од најмали нозе Александар растел опкружен со музика, неговиот татко е познатиот пејач на фолк музика Боби Спасенцовски. Пред 6 години младиот музичар и пејач промовираше две ора кои ги отсвири на хармоника, а денес тој е дел од групата Public Band (Паблик Банд) и има издадено свои песни. 
За Женски магазин овој млад просперитетн музичар и пејач откри дека не е љубител на кафе, го избегнува, а она кое го консумира секое сабајле е свежо исцеден лимон и 2 лажици мед измешано во една чаша вода. 

Александар овој период од годината наутро е на предавања на факултет, и истакна дека не е ранобудник, па затоа нема некoја посебна утринска рутина: „Како што напоменав кафе скоро и да не пијам и искрено не знам кој би биле бенефитите, но она што консумирам секое сабајле е свежо исцеден лимон и 2 лажици мед измешано во една чаша вода. Одличен пијалак за прочистување на организмот и вистинска витаминска бомба за добар имунитет, посебно за во овој период на настинки и вируси“. 

Бидејќи Спасенцовски не е љубител на кафе, истото и не знае да го подготви. А што е она кое му дава дополнителна енергија вели: „Исхраната ми е на прво место, доручекот е најважниот оброк во денот, па затоа и секое утро ми е најбитно добро да се најадам за да имам енергија во текот на целиот ден“. 

За она кое го мотивира во животот и кое му дава сила младиот музичар истакнува дека љубовта кон музиката е негова најголема мотивација и открива: „Дури и кога сум многу уморен процесот на создавање на музика ме мотивира“. 

За еден млад човек, кој е дел од бенд кој има вечерни настапи Александар со читателите на Женски магазин сподели како му поминува денот и кои се неговите најчести обврски: „Денот најчесто ми е исполнет со музика, студирам на музички факултет, одам во теретана и секако на крајот од денот вечерните настапи со Паблик Бенд ми го заокружуваат денот“. 

* Сакате ли да прочитате книга или да гледате филм?

„Книгите не се моја јака страна, па затоа во слободното време гледам филм или некоја серија“.

* Со која убава мисла го започнувате денот... или го завршувате?

„Секоја желба може да стане реалност”.


Н. М.