„Дувам свеќи и замислувам мир … се надевам дека ќе соберам сила да ви раскажам сè“: Ивона Јо со мистериозна порака за својот 28-от роденден

Добивај вести на Viber

Пејачката Ивона Јо, денес го слави својот 28-ми роденден. Таа на интересен начин ги дувна свеќичките на тортата, а сето тоа го објави на својот Инстаграм профил.

И додека честитки пристигнуваат од следбениците, блиските и соработниците, она што многумина ги заинтригира е пораката која ја остави под видеото.

„Дувам свеќи и замислувам мир. Да дојде и да се насели во мојата душа, зошто му е време. Време е да се вратам себе-себе си. Се надевам дека ќе соберам снага да ви раскажам сè. До тогаш. Среќен нека ми е. 28 бејби …“, напиша пејачката.

View this post on Instagram

A post shared by IVONA JOVANOVIKJ (@ivonajo)


Среќен роденден Ивона!


Фото:Инстаграм

Р.Ж.М.