„Две години по смртта на ќерка ми не можев да пеам“: Тажната судбина на пејачката која цела Југославија ја обожаваше

Добивај вести на Viber

Ќерката на Мери Цетиниќ прерано почина на 43-годишна возраст по тешко боледување, по што славната пејачка размислуваше да се откаже од пеењето.

Мери Цетиниќ зад себе има блескава кариера и бројни хитови, но и покрај големата популарност пејачката строго го криеше приватниот живот. Сепак, пред три години се дозна дека нејзината ќерка Ивана починала по битка со тешка болест, а Мери долго време не зборувала на оваа болна тема.

„Таа беше мојот свет, мојот живот, моето се, мојата најголема радост, мојата најголема среќа и мојата најголема болка и тага“, признала пејачката за магазинот ИН и додала дека мислела дека никогаш повеќе нема да пее.


„Воопшто немав глас една или две години. Се обидов да пеам, но ништо не излезе. Сè беше толку тесно, беше толку страшна болка“, откри Цетиниќ.

Пејачката изминативе неколку години живее во семејната куќа во Блато на Корчула, а сега објасни што и помогнало да го преброди најтешкиот период.

„Верата ме излечи. Станав посилна, некако преболев. И што да кажам“, рече пејачката, а потоа додаде:

„Имаше премногу турканици, градови, телевизија, медиуми, студија, едноставно повеќе не ми беше важно. Имав голема болка, тага, и требаше време човек некако да стане и да продолжи да живее. Морав некако сама да се справам со сето тоа и повторно да го најдам својот мир и повторно да станам, да одам и тоа е тоа.“, заклучила таа.