Двегодишно дете излегло надвор на минус 10: Починало од смрзнување

Двегодишно дете излегло надвор на минус 10 во Австрија, по што го нашле мртво. 

Во местото Вордервејсербах момчето излегло од дома и се смрзнало.

Според еден локален медиум, родителите биле на гости кај соседи, а со себе имале бејби-монитор за да внимаваат на својот син. Но, момчето некако ја напуштило куќата, а родителите тоа го сфатиле околу 5 часот утрото.

Мајката се јавила во полиција кога забележала дека детето го нема во креветчето. Но, пред да дојде полицијата, мајката го нашла синчето во пижами, надвор, но не давало знаци на живот. Било во близина на гаражата кај соседите. Итната помош не успеала да го реанимира. Истрагата е во тек, а родителите може да бидат обвинети за убиство од небрежност. 

Извор: Фактор.мк