Двете најскапи српски свадби: Југославија и двете ги памти, имаа луксуз на кои би им завиделе и светските ѕвезди
Свадбените веселби на некои познати личности од српската естрада можат да им парираат на свадбите на светските ѕвезди, а ние издвоивме две за кои се вели дека биле најскапи досега.
Првата венчавка се одржа во декември 1991 година во хотелот „Интерконтинентал“. Тогаш се венчаа Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ. Според коментарите на присутните направиле свадба за паметење. Присутни беа и многу луѓе од естрадата, но и бројни спортисти и политичари.
На ништо не се штедело, па ни на венчаницата, Брена избрала дизајнерски фустан од модната куќа Диор. Тортата била огромна и необична. Дури и „Дневник 2“ бил прекинат со цел младенците директно да се вклучат во програмата.
Се проценува дека на свадбата присуствувале 500 гости и чинела околу 50.000 германски марки. Бидермаерот го фати пејачката Драгана Мирковиќ, која потоа исто така се омажи. Еден од најинтересните подароци што ги добија младенците е автомобил Мерцедес.Се проценува дека на свадбата присуствувале 500 гости и чинела околу 50.000 германски марки. Бидермаерот го фати пејачката Драгана Мирковиќ, која потоа исто така се омажи. Еден од најинтересните подароци што ги добија младенците е автомобил Мерцедес.
Светлана Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан направија не помалку раскошна венчавка во 1995 година. Свадбата се одржа и во хотелот „Интерконтинентал“. Присуствувале околу 800 гости, а венчавката се проценува на 100.000 марки.
Нивната била традиционална српска венчавка со сите придружни обичаи од купување на невестата до младоженецот кој дошол да ја земе во народна носија. Сватовите дошле по невестата од Белград во родното место на пејачката, Житораѓе.
Нивната венчавка привлече огромен интерес кај јавноста и во земјата и во странство. Церемонијата ја пренесуваа сите медиуми ширум Балканот, но и медиуми како Би-Би-Си и Си-Ен-Ен. Сликата од оваа вистинска српска венчавка се емитуваше ширум светот. Свадбата беше пренесувана во живо на телевизија и будно ја следеа бројни обожаватели.
ФОТО: Printscreen/Youtube