Дводелен костим за капење и пирсингот во преден план: „Практична жена“ во досега невидено издание (ФОТО)
Костимот за капење на Наташа Павловиќ им привлече око на многумина, еве која е причината...
Кога ќе го спомнеме името Наташа Павловиќ, главната асоцијација е семејна жена. На Инстаграм профилот на популарната „Практична жена“ најчесто можете да најдете добри рецепти, но и многу совети за домаќинството, исто како во нејзината емисија.
Сепак, водителката од време на време споделува некои семејни моменти, како што тоа го прави и сега додека е на одмор. Шармантната бринета покажа како го поминува времето со семејството, а додека берела овошје сите го коментирале костимот за капење.
Водителката избра дводелен модел во црна боја со карнери во горниот дел, додека долниот дел e поплиток.
Многумина веруваат дека ваквиот модел на костими за капење е храбар избор за четириесет и деветгодишната водителка која е мајка на две деца.
Со оглед на тоа дека има витка линија и воопшто нема вишок килограми, костимот за капење на Наташа Павловиќ очигледно бил вистинскиот избор за неа, а следеле многу комплименти од понежниот пол кои ја следат.
Овој ден на плажа, Наташа го заокружи својот стајлинг со сламен шешир, која не само што е добар моден детаљ, туку и идеален за заштита на косата и лицето од штетните УВ зраци.
Фото: ИнстаграмИзвор: Gloria.rs