Двојно CASHBACK - изненадување од Стопанска банка а.д. Битола и Mastercard!
Кредитните картички кои се веќе дел од речиси сечиј паричник се одличен начин да си дозволите уживање плус за себе и своите најблиски како и опуштено да трошите повеќе на подновување со нови парчиња гардероба или некое ново парче мебел во домот. Трошењето на средства и купувањето нови работи на сите ни претставува задоволство, но истото би било уште поголемо доколку дел од средствата кои ги потрошиме повторно се вратат на нашата сметка.
Замислете го тоа чувство кога неочекувано на вашата сметка забележите плус средства од она кое мислевте дека го имате? Одлично, нели?
Сега, ова пријатно изненадување е реално и достапно со MastercardStandard кредитните картички на Стопанска банка а.д. Битола
Со цел да ја награди лојалноста на своите веќепостоечки клиенти како и да им понуди дополнителна вредност на сите нови клиенти, Стопанска банка а.д Битола следејќи ги најновитe cashback трендови, во соработка со Mastercard воведе ДВОЕН CASHBACKна средствата потрошени со MastercardStandard кредитните картички на СТББТ.
Покрај одличните услови кои ги нуди MastercardStandard картичката на Стопанска банка а.д. Битола (https://www.stbbt.mk/master-card-credit.nspx) која што е кредитен производ со лимит до 500.000 денари и фиксна каматна стапка за првата година од 7,99%, корисниците на оваа картичка ќе имаат единствена можност да добијат двоен cashback на потрошените средства.
За направен годишен промет еднаков или поголем од 100.000,00 денари корисниците ќе добијат 1% поврат на средства, а доколку истовремено редовно ги сервисираат обврските ( до 10-от ден во месецот) во текот на календарската година за која се однесува прометот ќе добијат дополнителен cashback од уште 1% на прометот на годишно ниво.
Под годишен промет се подразбира користење на картичките во продажна мрежа (ПОС) или на банкомати (АТМ) во земјата и странство.
На овој начин, додека уживате во трошењето дел од вашите средства ќе се акумулираат и средствата од двојниот cashback ќе бидaт префрлени на вашата трансакциска сметка на првиот работен ден во новата календарска година.
Неодолив двоен cashback за двојно повеќе задоволства и двојно повеќе уживањe!