Џил и Џо Бајден го крстија внучето: Првата дама на САД блесна во елегантна, но пристојна розова комбинација (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Соодветно на оваа пригода, првата дама на Америка носеше долг фустан и јакна во идентична, пастелно розова нијанса.

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил се вратија во Вашингтон по краткото патување во Гринвил.
Двојката отпатува во Јужна Калифорнија за да присуствува на крштевањето на нивниот внук, Роберт Хантер Бајден.

Роберт беше крстен на миса одржана во тесен круг на најблиските луѓе.

Кога станува збор за прилики како крштевки и свадби, многу внимание посветуваме на елегантното, но пристојно облекување, што Џил совршено го испочитува.
Првата дама на Америка облече едноставен и класичен комплет составен од долг фустан и јакна во нежна нијанса на розова боја.

Станува збор за повторена комбинација која неодамна ја носеше на настан во Белата куќа и за која можеме да кажеме дека нема недостатоци.

Овој пат, таа ја заокружи комбинацијата со интересни сандали, сива чанта и низа бисери околу вратот. Џил Бајден не заборави на епидемиолошките мерки, па затоа ја усогласи заштитната маска со комбинацијата.

фото:Profimedia

извор:stil.kurir.rs

Која е ќерката на Џил и Џо Бајден: Трагично го изгуби својот брат, а нејзиното минато крие мрачна тајна

Стил на неделата: Џил Бајден во комбинација за која зборува цела Америка