Ед Ширан наспроти Петар Грашо: Дали радиo станиците постојано емитуваат иста музика?

Добивај вести на Viber

Форматираното радио честопати се доживува како непријател на креативноста, иако овој тип радио станици најчесто имаат највисока слушаност. Поголемиот дел од успешните радија во регионот имаат помеѓу 240 и 800 песни кои ги ротираат во рамки на програмата, иако нивните фонотеки се значително побогати. За овој феномен повеќе ќе може да се дознае во рамки на интерактивната работилница “Ед Ширан (Ed Sheeran) наспроти Петар Грашо (Petar Grašo)“ – дел од програмата на овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал во Ровињ, Хрватска.

Релевантни истражувања на оваа тема покажуваат дека помеѓу две третини и три четвртини од испитаниците, најмногу слушаат радио поради музиката. Клучни во изборот на радиото кое ќе се слуша се песните кои се емитуваат во етерот и нивниот распоред, а веќе по две “лоши песни“ емитувани една по друга, слушателите бараат нова фреквенција.

“Радиото и понатаму има најголем досег меѓу медиумските платформи. Ова е најчест канал преку кој се дознаваат новитети во светот на музиката и истовремено е медиумска платформа во која слушателите од Европа најмногу веруваат. Радиото не само што не е мртво и не изумира, туку и бележи голем подем. За ова е заслужна и деловната политика за креирање на музичката програма, поради што оваа работилница е неизбежна за сите оние кои се занимаваат или сакаат да се занимаваат со радио бизнис.“ - истакна Директорот на Програмата на Фестивалот, Никола Врдољак.

Учесниците на работилницата ќе можат да формираат програма за радио врз основа на резултатите од брзо тестирање на музички афинитети. Фестивалот, на овој начин ќе добие свое “W-FM“ радио, базирано на информации добиени во реално време кои се однесуваат на изборот на слушателите на видот на радио и времето кое го поминуваат слушајќи радио содржини. 

"Во рамки на виртуелното “W-FM“ радио, ќе анализираме дали мора да се емитува новиот хит на Ед Ширан на секои четири часа. Задачата не е лесна, бидејќи ќе ја симулираме реалната состојба на пазарот за вака формираната радио станица да биде профитабилна во реалниот свет. Ќе се занимаваме со воведување на локална музика во програмите на радио станиците и ќе увидиме зошто во овој контекст постои разлика помеѓу желбата и реализацијата." – изјави Горан Комериќ, еден од учесниците во работилницата.

Работилницата “Ед Ширан наспроти Петар Грашо“ е само мал дел од богатата програма на дванаесеттиот Викенд Медиа Фестивал, во кој ќе учествуваат повеќе од 150 предавачи и панелисти. Оваа година, во Ровињ, во период од 19. до 22. септември се очекува да присуствуваат повеќе од 5000 учесници од сите земји во Регионот.