Единствениот син ѝ почина, а таа мораше да пее еден месец подоцна: Трагичната животна приказна на дивата од Македонија

Благица Бети Ѓорѓевиќ е југословенска и српска џез и соул пејачка, најпозната по песните „Kraj moje tuge“, „Počnimo ljubav ispocetka“, „Navedni glavu“... Со својот талент го заслужи епитетот на бела пејачка. со црн глас. Родена е 1946 година во Куманово, а од 15-годишна возраст живее и работи во Белград.

Бети Ѓорѓевиќ е родена vo Матејче недалеку од Куманово. Пораснала со баба и, а во едно интервју изјавила дека имала тешко детство со оглед на тоа што пораснала во повоените години. Од детството како воен сирак, којa порасналa со својата баба, сака да го памети само мирисот на домашен леб, пити, домати и пиперки. На 15-годишна возраст се преселила да живее кај нејзините роднини во Белград, каде што учела во музичкото училиште „Станковиќ“, насока виолончело и пијано.

Зад себе има петдецениска кариера, јасна музичка определба и адут број еден - одличен глас, поради што многумина ја сметаат за балканската Ела Фицџералд со биографија на Тина Тарнер - тоа е Бети Ѓорѓевиќ во една реченица.

Богата кариера

Почетокот и подемот на нејзината кариера се поврзани со гитаристот Слободан Боб Ѓорѓевиќ, за кого се омажи на 17 години, а синot го роди на 20 години, потоа се разведе во 1978 година. Најпрво настапуваше со нејзиниот сопруг и неговиот бенд во американските клубови во Западна Германија, а потоа ја запознале гостите и посетителите на белградскиот хотел „Југославија“, каде таа ноќ по ноќ ги воодушевувала со својот глас и талент.

Првиот сингл го издаде во 1974 година, во кој беа вклучени песните „Kraj moje tuge“ и „Noć je lepja s tobom“. До почетокот на 80-тите, таа објави уште десет синглови. Голема популарност и донесе хитот „Да започнеме љубов од почеток“- Počnimo ljubav ispocetka“  кој за прв пат го изведе во 1976 година на фестивалот „Белградска пролет“.

Голем успех и популарност стекна откако пееше со познатата џез пејачка Ела Фицџералд. Тоа беше во 1972 година, во хотел каде Бети настапуваше, а Ела гостуваше. Таа седеше во ресторан и гослушаше бендот. Гласот на Бети ја воодушеви, па таа вечер пееја заедно. На разделбата и кажала дека би сакала да ја посвои доколку некогаш дојде во Америка. Овој гест стана познат во Белград, но и низ тогашна Југославија, па Бети, Боб и другите членови на бендот станаа многу популарни. Салата на хотелот „Југославија“ стана претесна за да ги собере сите што сакаа да ги слушнат.

Таа трипати настапувала во поранешниот Советски Сојуз со музичари од поранешна Југославија, меѓу кои бил и тогаш неетаблираниот клавијатурист Оливер Драгојевиќ. Како што објавија тогаш медиумите, публиката во Москва и Санкт Петербург секој пат ги поздравувала со ентузијазам. Поради нејзиниот специфичен глас и стил на пеење, ја нарекуваа „Белата жена со црн глас“, а многу странски музичари не можеа да поверуваат дека таа не е родена во Америка, колевката на џезот и соул музиката.

Наскоро во Југославија дојдоа нови стилови и како што самата рече, одби да ги послуша трендовите, иако го поддржуваше тој музички стил. Таа продолжила повремено да настапува по белградските клубови.

Помладата публика имаше можност да ја запознае, а постарата публика да се потсети на неа кога во 2012 година беше објавено ЦД со 23 од најголемите хитови на легендарната Бети. Таа настапи со Рамбо Амадеус (Антоније Пушиќ) во 2018 година на Beovision со дуетот „Нема те“.

Бракот со Боб

Како тинејџерка го запознала сопругот Боба, брзо се заљубиле и нивната љубов била крунисана со брак. Веќе на 20 години се остварила како мајка кога го добила синот Бранисалав. Боб настапуваше во странство со својот бенд, а Бети живееше во Белград и повремено го посетуваше. Во една прилика му се придружила на настап во Западна Германија, а неговиот бенд бил воодушевен од гласот на Бети.

Сепак, на среќата и дојде крајот и двајцата се разведоа во 1978 година, а како причина за разводот пејачката рече дека не можат да се носат со товарот на славата.

- Само ме бараа, а тој не можеше да се справи со тоа. Не можеше да поднесе и дојде до криза. Во тие последни години почнаа некои непријатни ситуации... Штета. Петнаесет години брак и на крајот мораше да заврши како што заврши - открила Бети во интервју за Стори.

Смртта на синот

Пред неколку години животот на Бети се промени, откако нејзиниот син единец почина на 47-годишна возраст од срцев удар. Зад себе ги остави сопругата Снежана, ќерката Кристина и синот Владан.

- На гробишта сум, каде на друго место, кога ќе ме прашаат... Само јас знам како се чувствувам. Денес имаш дете, утре немаш. Не знаев каде одам и што ќе правам со себе. Не ми е лесно да ви објаснам... Пејам, но попрво би врескала. Низ секоја нота, низ секоја песна излегува мојата болка. Огромна болка. Мојот син веќе го нема... Почина од срце. Имаше 47 години. Остави зад себе две деца. Мојата внука Кристина, внукот Владан и прекрасната снаа Снежана - изјави пејачката за Блиц.

Иако и после тоа повремено настапуваше и се трудеше на својата публика да и ги подари само најубавите емоции, пејачката признава дека од тој ден повеќе

ништо не е исто. После тоа престанала да слуша музика бидејќи ја слушала со синот.

- Мојот син беше многу талентиран. Заедно слушавме музика. Сега веќе не слушам музика, не слушам ништо. Ме прашуваат како функционираш. Како да функционирам? Јас не функционирам! Јас не слушам ништо. Не можам да ги слушам тие работи што јас и син ми ги слушавме заедно...

Нејзиниот живот оттогаш, како што рече во споменатото интервју, е време на плачење. Таа најде сила да продолжи со својата работа и да настапи еден месец по неговата смрт, а ја отпеа песната „Crying time“.

- Само еден месец по неговата смрт требаше да настапам во Гардос. Настапот беше закажан многу пред тоа. Отидов во Земун... застанав на бината. Аплауз, овации. Во публиката има многу луѓе кои ме паметат, знаат која сум... Не издржав... Мислев дека засекогаш ќе ја премолчам мојата болка. Реков дека тој настап му го посветувам на мојот син кој почина. И ја отпеав „Crying Time“. Тоа е затоа што мојот живот од тогаш е - време на плачење.

Извор: (Kurir.rs)