Една од најбараните актерки на светот „одлепи“ по Карлеуша: Малкумина знаат дека Јелена е во контакт со неа

Добивај вести на Viber

Пејачката Јелена Карлеуша во неколку наврати беше во центарот на вниманието поради „врската“ со познати светски ѕвезди.

Таа го следи Канје Вест на социјалните мрежи, се шпекулираше дека неговата сопруга Ким Кардашијан и „симнала“ неколку стајлинзи, а сега сите брмчат за нејзиното пријателство со актерката Софија Вергара која со години ја следи поп дивата на Инстаграм. Софија ја следи работата на српската пејачка, а Јелена неодамна ѝ одговори.

Инаку, Карлеуша еднаш зборуваше за нивната врска откако Софија го облече истиот фустан како Јелена.

"Јас бев првата што го облеков тој фустан. Вергара е 3-4 часа подоцна, но тоа е апсолутно неважно. Глупо ми е да кажам дека ме следи, а јас не, но потоа ќе испадне дека сум ја копирала јас. Сепак, нема да кажам ништо затоа што јас и Веграра сме одлични пријатели. Се допишуваме, се допаѓаме и мисловно и таа е навистина одлична, плус вели дека ме обожава“, изјави Карлеуша пред извесно време за Нова.

Инаку,  денес сите очи се вперени на Софија Вергара која глуми како „кралицата на кокаинот“ Гризелда Бланко во серијатана Нетфликс, „Гризелда“ и моментално е една од најбараните актрки на светот.

извор. Мондо

Фото: Инстаграм