Една од најскладните холивудски двојки пред развод

Се разведува една од најскладните холивудски двојки, пренесуваат светските медиуми. Колегите од хит-серијата „Луди 70-ти“, Мила Кунис и Ештон Качер, веќе подолго време имаат брачни проблеми, наведува анонимен извор. 

„Нивните несогласувања имаат врска со одгледувањето на децата, со животот во Холивуд, па дури и со верата, а особено со љубомората“, наведува истиот извор.

Кунис е таа што настојува да го спаси бракот преку интензивни посети кај стручни лица, но Ештон не верува во такви терапии и методи. Американските медиуми пишуваат дека тој не ја почитува доволно својата сопруга и дека неколкупати е фотографиран со непознати жени, па и неверството е една од причините за брачниот бродолом.

Двојката се венча во 2014 година и има две деца, син и ќерка.