Една од најубавите жени во светот на 79 години се сликаше топлес: Таа своите години ги носи подобро од било кој (ФОТО)

Лорен Хатон, познатата американска актерка, позната по својата безвременска убавина и широката светла насмевка, сè уште освојува со својот изглед на прагот од 80 години. Овој пат таа успеа да се надмине себеси. Застанала пред објективот топлес!

Шест децении е пред камера, а исто толку се занимава и со манекенство. Денес, 78-годишната Лорен Хатон се појави на насловната страница на Harper’s Bazaar – топлес.

Да, добро прочитавте, легендарната актерка и манекенка се соблече топлес и доброволно позираше, горда на своето тело и годините што толку добро ги носи.

Додека ги покриваше градите со рацете, носеше само беж јакна на Гучи, а имаше карирани панталони со висок струк. Својата руса коса ја пуштила во ситни локни и ја украсила со златен накит.

View this post on Instagram

A post shared by Harper's BAZAAR (@harpersbazaarus)



Ветеранката, кога станува збор за манекенството и моделингот, се присети на своите почетоци и доаѓањето во Њујорк, каде го потпиша својот прв договор.

„Во тоа време работев за Кристијан Диор за 50 долари неделно, но она што ме изненади беше краткиот животен век на моделот. Тогаш имав 30 години и знаев дека наскоро ќе дојдат помлади кои би можеле да ме заменат. Затоа сакав да се заштитам со договор кој ќе ми овозможи малку подолго искуство во овој бизнис. Потпишав договор со Revlon, тогаш најголемиот во индустријата за моделирање“, рече таа.

View this post on Instagram

A post shared by Revista Story New (@story.albania)



Патем, Хатон вели дека нема ништо против естетските процедури - се додека тие се умерени.

„Кога неодамна повторно влегов во улогата на модел, им реков дека не сакам да се преправам дека сум помлада од што сум. Тие беа воодушевени и ми рекоа дека затоа ме вработиле. Денешните времиња станаа многу тешки за некои генерации. Познавам некои луѓе кои беа уништени со операции, едноставно веќе не им го познавам лицето. Тие не се исти“, заклучи таа.


ФОТО: Инстаграм