(ФОТО) ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ МОРА ДА ГО ПОСЕТИТЕ МЕСТОВО: Прогласена најдобрата дестинација во светот

Добивај вести на Viber

Бројни патници ширум светот, речиси едногласно ја избраа дестинацијата која денес ви ја претставуваме како најдобра.

Се работи за Барбадос, кој сите свои посетители ги импресионира на сите фронтови. Агенцијата Норстат ги објави резултатите на своето годишно истражување, наречено Destination Satisfaction Index, каде Барбадос доби резултат 8.8 од 10, при што се согледани 20 различни елементи.

Патниците оценуваа вкупно 144 дестинации.

На Барбадос има голем број почитувани готвачи кои отвориле свои ресторани, така да таму може да уживате во разнолики деликатеси-ние ви советуваме да пробате јастог на скара, сендвич со риба и бројни морски специјалити.

Патниците исто така се запрашани за личната безбедност, пејзажи, настроеноста на локалното население и вредност . Во секоја индивидуална категорија, околу 70 000 патници избрале победник. Барбадос имал најдобар вкупен резултат и ја зазел најдобрата позиција кога се работи за понуда на сместување.

Во понудата таму може да се најдат сјајни хотели.

Она што мора да го знаете е факт дека секој брег на Барбадос има нешто посебно-западниот брег е познат по песочните пространства, ртови, хотели и ресторани, па затоа тука голем број милионери и милијардери имаат викендички. Јужниот брег повеќе и е посветен на младата популација, и тука можете да наидете на повеќе ноќни хотели и слични понуди.

Барбадос, е место каде секој турист може да ја пронајде бараната забава, така да одморот ќе биде токму таков каков што замислувавте.