Едно видео - илјада зборови: За сите борци со стерилитет Ксенија Николова има да ви порача нешто

Добивај вести на Viber

 Писателката Ксенија Николова со емотивно и сурово искрено видео им се обраќа на сите парови кои се борат со стерилитет.

Николова на својот Инстаграм профил отворено зборува за најразлични теми од секојдневието и она што нè опкружува, а со нејзините следбеници секогаш е искрена и реална. 
Покрај сè убаво што не опкружува, тука се и оние помалку убави, тажни, дури и срцепарателни работи кои се случуваат и можат да се случат на секој од нас, а Ксенија со нејзините зборови најдобро знае да допре до луѓето и да им порача дека не е сè црно, и дека за некои работи едноставно вреди секоја солза, секоја болка.

„За сите лажни насмевки, за сите сокриени солзи, за сите неодговорени прашања, за сите часови поминати во чекање, за сите погрешни дијагнози, за сите модрици од инекции, за сите списоци со лекови, за сите цупкања во место во чекална, за сите безнадежни погледи на докторите, за сите негативни тестови, за секоја нова сила да се почне одново, за секој еден херој, за сечиј еден сон, за сите борци со стерилитет“ - порачува Ксенија во видеото кое вреди за илјада искажани зборови.

„Сè што ми лежи на душа во едно видео. За вас, за нас“ - напиша Ксенија.

Погледнете:


Најлошо искуство на булинг доживеав од друга жена: Искрено со писателката Ксенија Николова