Моден фокус // Трендови
Едноставен трик што ќе ви помогне побрзо да се подготвите за надвор
Станува збор за многу едноставен и очекуван трик кој ќе ви помогне да заштедите време и да не се мислите за комбинации на облека, а ќе ви помогне и при шопинг. Се разбира, тоа е синхронизација на боите на чевли и чанти.
Овој метод е користен и од британската кралица Елизабета II која се појави пред неколку месеци во првите редови на модната ревија на модниот дизајнер Ричард Квин облечена во небесно син комплет и со соодветни црни ракавици, чанта и чевли.
Слично на тоа, Џеки Кенеди секогаш има комбинација во која се совпаѓа со бојата на ракавици, чевли, шешири и чанти.
Иако може да изгледа старомоден, овој трик се покажа како победничка комбинација за многу трендсетери.