Едноставна елеганција: Бриџит Макрон во импресивно издание за чиста десетка (ФОТО)
Таа секогаш ги привлекува сите погледи кон себе
Бриџит Макрон (67) обожава едноставни и елегантни модни парчиња кои секогаш привлекуваат големо внимание во Франција, но и ширум светот.
Првата дама на Франција привлече внимание и при прошетка со своето куче Немо на Елисејските полиња во Париз, каде ја погледна изложбата на отворено на белгискиот уметник Фелипе Гелук.
На тој познат булевар во Париз, имено, изложени се дваесетина бронзени статуи изработени според неговата популарна стрип серија „La Chat“, која беше објавена како дел од весникот „La Soir“ во периодот од 1983 до 2013 година.
За таа пригода Првата дама на Франција избра многу едноставно, но импресивно издание во кое доминираат парчиња во нејзините омилени темно сини нијанси по кои често посегнува, без оглед дали оди на важна државна посета со сопругот или на прошетка.
Првата дама блесна во тесни панталони што ги спои со кадифени чизми до глужд на висока потпетица, што визуелно ја издолжи целата фигура.
Изгледот го надополни со едноставна памучна маица, пелерина и црн шал.
Секако, таа има заштитна маска на лицето, без која е невозможно да се замисли безбедност на отворено од појавата на вирусот ковид-19.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Верна на еден бренд: Бриџит Макрон во необични чизми до глужд