Здравје // Диета
Едноставно и лесно: Напиток кој го топи струкот
За време на летната сезона покрај активните физички подготовки, неопходно е да се спроведе и правилна исхрана за да се дојде до саканите резултати.
Но, доколку професионалните и приватни обврски не ви дозволуваат да одвоите доволно време за формирање на добра телесна форма, постои и полесен начин за топење на масните наслаги, особено во делот на струкот.
Станува збор за напиток кој лесно и едноставно се спрема, а за кој се потребни само мелено ленено семе и пробиотски јогурт кои треба добро да ги измешате и напитокот да го пиете половина час пред оброк, но и пред да легнете.
Напитокот се пие 21 ден, потоа се пауза една недела и се продолжува со исто темпо се додека не ги постигнете саканите резултати.