„Ех, што не...“: Ова се работите за кои луѓето најмногу се каат кога ќе остарат, не ги правете истите грешки

Добивај вести на Viber


Многу работи луѓето ги доживуваат во младоста како да ќе бидат таму засекогаш, но тоа не е така. Еве за што подоцна се каат.

Поради брзиот начин на живот, луѓето забораваат да уживаат во моментот и многу работи земаат здраво за готово. Тие се однесуваат како да сè ќе биде таму засекогаш. За жал, тоа не е така, а повеќето луѓе го сфаќаат тоа предоцна.

Неколку луѓе открија за што најмногу жалат од младоста. Без разлика дали се работи за здравствена заштита, родители, создавање семејство, многумина изразија жалење што не се однесувале поинаку. Тие најчесто се каат за овие работи:

Семејството

„Некако мислев дека моето потесно семејство секогаш ќе биде таму. За три години ги изгубив мојата сакана баба и двајцата родители. За да биде уште полошо, јас и сестра ми се скаравме и не зборуваме. И така останав без ниту еден од моето, од најблиското семејство, понекогаш се чувствувам како да сум сам на светот“. – Никола (59)

Деца

„Се забавував и уживав во животот. Патував, поминував време со луѓе. Бев свршена, и ме запроси три пати, но никогаш не се омажив. Тогаш не сакав. Сега имам 63 години. Немам деца отсекогаш мислев дека има уште време за тоа, но веќе 10 години живеам со маж, и би сакала да го запознаев многу порано и да формиравме семејство. Сега е предоцна за деца“. – Ивана (63)

Родители

„Се каам за времето кога моите родители беа постојано присутни во мојот живот и кога можев да сметам на нив за сè што ми треба. Знаев дека тие се секогаш тука за мене... Ги нема и многу ми недостигаат“. – Невен (57)

Пари

„Секогаш имав пари, не премногу, туку доволно. Но, посакувам порано да почнав да штедам за деновите кога ќе се пензионирам, за да купам мала викендичка. Се каам поради тоа, потрошив многу пари на глупави работи. – Дејан (62)

Време

„Го земав времето здраво за готово. Време за пријатели, блиско семејство, време за хоби, патувања. Правиш луди работи кога си млад“. – Мирко (64)


Граници

„Жал ми е што го трпев лошото однесување од близок роднина, бидејќи сме семејство. Посакувам порано да поставив граници и да прекинев со него. Тој не заслужи да трошам време и нерви на него. Не треба да се трпи лошото однесување на другите луѓе“. – Џон (67)

Убавина

„Имам 38 години и жалам што губев време мислејќи дека бев грда кога бев тинејџер, а подоцна во моите 20-ти. Тоа ме направи срамежлива и мислам дека ме спречи да постигнам повеќе во животот. “ – Ана (38)

Заби

„Се плашев од стоматолог и не одев редовно на прегледи и поправки на забите, па многу од нив беа скршени затоа што немаше начин да ги спасам. Сега морам да правам вештачки и да трошам многу пари на нив... и јас можев да имам свои, кои беа убави – Јована (58).

Foto:Freepik