Еј што ми правите, жежок ласер ми поминува по кожата: Даниела отишла во Турција на пластична операција, хирургот ja оперирал без анестазија, преживеала пекол

„Седам таму и му викам: „Еј, што ми правите? Го чувствувам тоа. Жежок ласер ми поминува низ кожата и ме пече. Толку многу ме болеше. “, изјави актерката Даниела Вестбурк, која тврди дека пластичен хирург во Турција ја оперирал без анестезија. Кога го молела да престане, тој ѝ удрил шлаканица, истакна таа.

Даниела Вестбурк (49) решила да оди на пластична операција на лицето откако се борела со остеопороза и проблеми предизвикани од септумот, а поради претходна зависност од наркотици.

Според неа, докторот ѝ вметнал метални шипки во лицето. Металните предмети за малку ќе ѝ ја уништеле горната усна. Постапката се одвивала без нејзина дозвола.

Како што рекла, хирургот пцуел за време на процедурата, а медицинската сестра ѝ го земала мобилниот телефон кога се обидела со камера да сними што се случува. Таа напомена дека ѝ треба нова операција која ќе ја чини 500.000 фунти. Лекарите ѝ рекле дека дел од непцето може да ѝ се оштети, и дека постои опасност од задушување.


Рзговарала со докторот преку видео повик

Даниела рече дека не отишла во Турција поради поевтина операција, а три месеци пред операцијата разговарала со хирургот преку апликацијата „Зум“.

Открила дека проблемите започнале по 3Д скенирањето на нејзиниот нос. Хирургот ѝ рекол дека операцијата е невозможна поради густината на нејзините коски, на кои влијаела остеопорозата, пишува „The Sun“. Нивниот предлог бил да се корегира носот со филери и ботокс, што таа го прифатила, но како што вели, додека не пристигнала на операција не ѝ кажале дека ќе ѝ направат фејс-лифтинг.

„Сум била и порано во таа клиника. Сите зборуваа на турски и само ми рекоа дека можам да ставам филери и ботокс. Медицинската сестра почна да ми става инјекции во стапалото. Ја прашав што прави и ми рече дека ќе ми дадат витамин инјекција“, додаде таа и откри повеќе детали:

„Седев со главата фрлена наназад, медицинската сестра ми истураше јод на косата. Мислев дека е нешто ново во врска со ботоксот и филерите. Таа исто така ми ја избричи косата на страните. Потоа во собата влезе хирург, облечен во сино како да треба да примам инјекција за царски рез и тој само ми рече: „Ќе ти дадам три инјекции овде, овде и овде за да ти го отрпнам лицето“. Се чувствував како да земам апче против болки. но не мислев дека ќе ми го „отворат“ лицето. Штом ми стави инјекција на едната страна од лицето и пред да се префрли на другата страна од лицето извади мало цевче од страна и го инјектира овој голем предмет“.

Таа му рекла на докторот дека има страшни болки, а тој почнал да пцуе: „Престани да се движиш, ти велам, престани да се движиш“.

„Ме фаќаше за лице и постојано ми велеше „Престани да се движиш“, а потоа ме плесна од другата страна на лицето. Му реков: „Како имаш право да ми удриш шлаканица?“

После тоа тој ја фрлил целата опрема и ја напуштил операцијата, додека таа останала со шипки и цевчиња кои ѝ висат на лицето. Медицинската сестра ги извадила сите предмети од нејзината кожа и почнала да ѝ ја шие главата со жица.

„Тој не се врати во лекарската канцеларија, никогаш повеќе не го видов. Девојчето ме соши и потоа рече: „Можеш да одиш сега“. Требаше да имам соодветна операција за корекција на носи и уста. Непцата ми се повлекоа, мислев дека ќе се задушам, не ми требаше лифтинг, ова не беше козметичка процедура, ми требаше медицинска процедура“, продолжи Даниела, која два дена подоцна ја контактирале од клиниката, и рекле дека нашле друга хирург и дека ѝ е обезбеден безболен лифтинг на лицето и липосукција.

View this post on Instagram

A post shared by Danniella Westbrook (@danniellawestbrook_73)



Извор: zena.blic.rs