Еко Дом и Еко Каско - Зелен еко дом и зелена еко 2023 година како новогодишна резолуција

Добивај вести на Viber

Приближувањето на календарската година кон крајот за поголем дел од нас значи и можност да донесеме некои подобри и поздрави одлуки во врска со нашиот живот и однос кон себе и со светот околу нас. Новогодишните резолуции и целите можат да нè инспирираат да бидеме подобри и да нè мотивираат да постигнеме подобар животен стил.

Во духот на празниците кои се пред нас би требало да размислиме за начините на кои можеме да придонесеме за подобар свет околу нас. Факт е дека проблемите во доменот на екологијата се посебно забележителни, и здравјето на планетата, која е дом на сите нас, е под знак прашање. Имајќи го тоа на ум, можеме да заклучиме дека придонесот кон животната средина е навистина една од најдобрите новогодишни одлуки кои можеме да ги донесеме. Некои од најмалите промени во нашите навики можат да имаат најголемо еколошко влијание, како глобален домино ефект.

1. Планирање на набавките на намирници - Една од новогодишните резолуции, која покрај тоа што има за цел подобрување на едно општо и повисоко ниво, добро ќе влијае и на вашиот буџет е планирањето на шопингот. За да го поддржиме zero waste моделот на живеење, би требало повнимателно да ги разгледаме своите набавки и да ја имаме на ум нашата потрошувачка моќ и нашите реални потреби. Ако посегнеме по секој попуст што ќе се појави пред нас, акумулацијата на нештата на крајот ќе се претвори во таложење отпад и тоа ќе резултира со негативни ефекти врз нашата животна средина.

2. Избирање на биоразградливи и повеќекратни пакувања - За да придонесеме чистата и здрава околина да стане наша реалност, треба да избираме производи во биоразградлива амбалажа или пакувања што можат да се користат повеќе пати. Ова е мал чекор што прави голема разлика за нашата планета, па затоа не посегнувајте лесно по пластичните кеси, а ако го правите тоа - погрижете се повторно да ги искористите.

3. Свесно бирајте ги видовите превоз - Сообраќајот е голем извор на загадување и изборот на сообраќајни средства кои позитивно влијаат на намалување на загадување на воздухот е еден од најважните чекори со кои придонесуваме за подобрување на нашата планета. Во новата година треба да избираме јавен градски и меѓуградски превоз, возење велосипед или пешачење, а максимално да го избегнуваме индивидуалниот превоз со автомобил. Ваквите избори ќе имаат и директно позитивно влијание на нашето здравје, а истовремено ќе придонесат и за поздрава животна средина.

4. Изолирајте го вашиот дом - Инвестициите во модерни, енергетски ефикасни технологии и системи за управување со енергија во принцип имаат голема економска смисла. Најдобар начин да заштедите на трошоците за енергија е да се осигурате дека вашиот дом е добро изолиран. Со подобрена изолација, можете да заштедите пари на сметките за енергија и да создадете поздрав дом, намалувајќи го провевот.Одличен начин да заштедите енергија и да го одржувате вашиот дом студен во лето и топол во зима е надградбата на енергетски ефикасни прозорци.

5. Поставете соларни панели - Со инсталирањето фотоволтаици на покривите за производство на електрична енергија може да ги намалите сметките за струја, да дејстувате еколошки и да дадете свој придонес во надминувањето на енергетската криза. На краток рок, оваа инвестиција претставува свесно пренасочување кон поодржлив, еколошки извор на енергија, но нејзината вистинска вредност е во долготрајната корист од вложувањето, кое ќе овозможи заштеда на средства и енергија, а зад себе ќе остави почиста и поздрава околина.

Во согласност со денешните потреби на корисниците и фокусирајќи на се трендовите што го диктираат развојот на пазарот, компанијата Кроација Осигурување - Неживот воведе две новини во вид на промотивни акции за корисниците, кои во своите домови имаат имплементирано обновливи извори на енергија - Еко Дом иЕко Каско.

ЕКО Дом овозможува со секое осигурување за стан или куќа (домаќинско или пожарна полиса), под услов да има инсталирано систем за обновлива енергија (соларни панели за производство на електрична енергија, соларни колектори за затоплување на санитарна вода, при користење на клима уред, инвертер или при греење на парно), осигуреникот/договарачот се стекнува со 50 отсто попуст на полисата за семејно осигурување од незгода - Blue Family.

Во рамките на ЕКО Каско, со секоја каско полиса за хибридно или електрично возило, осигуреникот/договарачот се стекнува со 50 отсто попуст на полисата за семејно осигурување од незгода - Blue Family.

ПР објава