ЕКСКЛУЗИВНО Лордан Зафрановиќ: Залудно врескавме против злото, луѓето не слушале

Добивај вести на Viber

Како главна фигура на југословенскиот црн бран (филмови од 1960-те и раните 1970-ите со различен нетрадиционален пристап, општествена критичност и црн хумор), хрватскиот режисер и сценарист Лордан Зафрановиќ е глас од претходниот живот. Ученик на Прашката филмска школа, тој е автор на некои од најзначајните дела на југословенската кинематографија, со бележит меѓународен успех.

Неговиот најпознат филм „Окупација во 26 слики“ од 1978 го реизмисли на некој начин жанрот – партизански филм, популарен во тоа време, сместувајки ја приказната во раскошната медитеранска сценографија на Дубровник и спротиставувајќи ја среќата на едно аристократско семејство со пристигнувањето на злото, фашистичката окупација и насилството, во време на колапс на моралот и општеството. Откако ја освои Златната арена на Пулскиот филмски фестивал, филмот стаса и во Кан и беше номиниран за оскар, кој не го доби зашто Зафрановиќ не ја прифати сугестијата да скрати една брутална сцена на масакар, која е практично климакс на филмот. Зафрановиќ одби и не го доби оскарот.

Режисерот, кој странската критика го споредуваше со Ангелопулос, Бертолучи и Лилиана Кавани, во сите свои филмови го истражуваше притисокот на злото врз обичните луѓе во време на екстремни историски околности. И сите негови филмови предизвикуваа контроверзии. Кога екстремните историски околности ја притиснаа поранешната Југославија, Зафрановиќ во 1991 е принуден да ја напушти земјата. Од тогаш живее во Прага. И неговите филмови, документарни, главно, и натаму се занимаваат со истите теми. 

Во новобјавениот „самиздат“ роман „Улица Орце Николов бр.10“ на Наум Пановски, театарски режисер и писател, кој живее во САД, неколку пати се спомува името на Зафрановиќ. Романот е приказна за градот што веќе го нема, а и Зафрановиќ во него е далечен оддек на духовниот хоризонт кој веќе го нема.

-Би сакал од срце да ја поздравам Македонија. Ја сакам Македонија, блиска ми е и таму имам цела низа драги пријатели. Таму добив награда за животно дело за мојот севкупен придонес кон филмот, таму требаше да го работам филмот „Островот Балкан“ во Битола и поминав прекрасни денови на Пелистер. Пред неколку години Македонската кинотека уприличи една исклучителна ретроспектива на моите филмови, а благодарејќи и на Синоличка Трпкова имав и Филмска работилница на ФДУ. Длабоко сум благодарен за сето тоа и верувам дека моите длабоки врски со Македонија и филмот во Македонија и натаму ќе се продлабочуваат.

Целото интервју со хрватскиот режисер и сценарист, Лордан Зафрановиќ прочитајте го на Фактор.мк