Експертите согласни: Производите без чад чекор кон поздрава иднина

Добивај вести на Viber

Последиците од пушењето цигари се одамна познати, а ширум светот се донесуваат закони со цел на различни начини да се намали опасноста од оваа штетна навика. Има се помалку места каде што е дозволено пушење. Пакувањето на цигарите јасно ги нагласува негативните ефекти што пушењето ги има врз здравјето на луѓето, а во некои земји се најавува и целосна забрана за купување цигари.

Сепак, според проценките на Светската здравствена организација, повеќе од една милијарда луѓе ширум светот се уште пушат, а како што се истакнува, тешко дека во догледно време бројот на пушачи ќе се намали.И експертите и самите пушачи се согласуваат дека најдобро е целосно да се прекине со пушењето, но свесни се дека тоа воопшто не е лесно во пракса. Оние кои сакаат да се откажат од цигарите, поминуваат низ тежок период на одвикнување, кој во многу случаи завршува со неуспех.

„Никотинот е супстанца која создава зависност. Поради ова, секогаш ќе има одредена популација која едноставно не може да престане да пуши. Државата треба да размисли да им даде опции на пушачите да се префрлат на производите без чад, кои имаат потенцијал да го намалат бројот на луѓе кои пушат цигари“, вели професорот по психијатрија и шеф на Клиничкото училиште на Универзитетот Монаш во Малезија, д-р СивакумарТураирајасингам.

Презентирајќи ги своите гледишта и најнови сознанија на 10-годишнината на Самитот за е-цигари „Научна регулатива и јавно здравје“, што се одржува во Лондон, експертите потврдија дека пушењето и натаму останува најголемата индивидуална причина за смрт, која што може да се спречи во развиениот свет.

Тоа го потврдија и зборовите на почесниот професор по токсикологија и претседател на Британскиот комитет за токсикологија и лондонскиот Империјален колеџ, Алан Р. Бубис, кој верува дека достапните производи без чад можат да ги ублажат негативните последици од оваа лоша навика: „И покрај строгите прописи, пушењето цигари е значаен јавно здравствен проблем. Преминот на пушачите на помалку штетен производ делумно би ја ублажил таа штета“.

Споделувајќи го искуството од Норвешка, вишиот истражувач од Норвешкиот институт за јавно здравје, д-р Карл Е. Лунд истакна дека преваленцата на секојдневно пушење кај возрасната група од 16 до 24 години паднала под границата од два проценти.

„Во рок од неколку децении, Норвешка веројатно ќе биде речиси без чад, благодарение на фактот во претходните децении создаде силна инфраструктура за контрола на тутунот, како и повеќегодишната достапност на популарните производи без чад“, рече Лунд.

Пушењето е голем глобален предизвик за јавното здравје, така што насочувањето на вниманието на јавноста кон производите без чад е голема причина за оптимизам.Концептот за намалување на штети од тутунскиот чадзабрзано нуди многу позитивни можности. Науката и технолошкиот развој веќе понудија иновации како производи без чад, кои според независно истражување може да ја намалат штетата во споредба со цигари до 95 проценти, што претставува добра шанса за подобрување на јавното здравје.

Намалувањето на влијанието на чадот од тутун преку производит без чад, кои не се засноваат на принципот на согорување е еден од чекорите што водат кон поздрава иднина. На пушачите ширум светот им е овозможено задоволување на нивните потреби, ритуали и вкусови, а квалитетот на нивниот живот не зависи од целосното откажување од пушењето.

Експертите се согласни дека никотинот, иако предизвикува зависност и не е без ризик, не е примарна причина за болести поврзани со пушењето. Примарната причина се високите нивоа на токсични состојки кои се создаваат при согорување на цигарите. Производите без чад не го согоруваат тутунот и затоа се многу подобра алтернатива на цигарите за оние возрасни кои инаку би продолжиле да пушат.

ПР објава