Експлозија на вкусови во ресторанот FOUR

Добивај вести на Viber

Изминатиов месец, Саша Мишиќ, на јавноста познат по емисијата “Жешка кујна”, заедно со мастер-шефот на ресторанот FOUR Елефтериос Далагиоргос и целиот тим на искусни готвачи и персoнал, поминаа неколку дневна обука за подготвување на врвни вкусови, вежбање на нови техники, нови рецепти, споделување на искуство и совети за услуга посветена на перфекционизам, како дел од планираната обука која ќе трае во неколку фази.

“FOUR e еден од најдобрите ресторани во Македонија, каде посетителите добиваат уникатно угостителско искуство со врвен квалитет на услугата во сите сегменти. Нема детаљ на кој целиот персонал во ресторанот не е посветен постојано. Ми претставува чест што моето знаење и искуствo го споделувам со извонреден исклучителен тим, кој освен што важи за еден од најдобро обучените, секогаш е отворен за новитети и подобрувања”- додава Саша Мишиќ.

Во прилог погледнете дел од атмосферата!