Ел-Пи го отвора, Дејвид Гета го затвора најдобриот европски фестивал!

Откако светските медиуми неодамна го прогласија ЕГЗИТ за „најголем досега“, оваа година како ниедна претходно, од главната фестивалска бина ќе одекнуваат бројните хитови на денешницата! Иако некои од медиумите, овогодинешната програма веќе ја прогласија за „агресивна“, вистината е дека конечната листа со главни ѕвезди ќе биде двојно подолга! Првите ѕвезди од новиот бран се веќе тука! Главната бина во четврток на 12-ти јули ќе ја освои незапирливата американска рок кант-авторка Ел-Пи (LP), која ја освои светската музичка сцена со синглот, „Lost On You“, една од највпечатливите љубовни песни на оваа деценија, но и преку соработките со Ријана, Кристина Агилера и бројни други ѕвезди. Додека големото музичко финале и спектаклот за затворање на главната бина во недела, на 15-ти јули ќе биде под диригентската палка на најголемиот светски хитмејкер и францускиот танцов Голијат - Дејвид Гета! Најуспешниот музички продуцент на 21-от век и единствениот ди-џеј кој има продадено 50 милиони албуми и синглови, се враќа на еден од своите омилени фестивали каде беше поканет и пред 12 години додека го градеше патот до денешниот статус на музичка икона! За неговата водечка позиција во музичката индустрија говорат и податоците, односно Гета зад себе има над девет (9!) милијарди „ЈуТјуб“ прегледи и над 100 милиони фанови на социјалните мрежи!



Најголемиот хитмејкер на денешницата, Гета зад себе има бројни награди, две Греми и песни кои ги има продуцирано со најголемите музички имиња како што се Дејвид Боуви, Ријана, Снуп Дог, Сиа, Ники Минаж, Емели Санде, Акон, Авичи и многу други, а од неодамна ја објави и втората заедничка нумера со помладиот пандан, Мартин Гарикс. Песната „Like I Do“, полнокрвниот хит во најава, Гарикс ја изведе и на затворањето на овогодинешните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг! Моментално невозможно е да се избегне на радио уште еден хит „So Far Away“, додека во етерот се и подеднакво свежите и заразни синглови, „Mad Love“ - кој Гета го сними со ѕвездата од минатогодишниот „Sea Dance“ фестивал Шон Пол и еден од најголемите хитови од минатата година „2U“ со Џастин Бибер. Моментот дека на овој познат Француз очигледно не му е комплицирано да создава хит зад хит, говори и фактот дека песната  „Complicated“ за која соработува со хедлајнерите на овогодинешниот „Sea Star“ фестивал, дуото Димитри Вегас и Лајк Мајк, по единасетти пат го освои првото место на листата на „Billboard Dancе“.

Лаура Перголизи е рокерката со бунтовничко педигре која ја споредуваат со Џони Кеш и Стиви Никс, додека нејзините кадрици и одело неодоливо потсетуваат на Боб Дилан. Оваа млада артистка од Њујорк со адреса во Лос Анџелес веќе остави трага како уникатна уметница, одлична авторка и рок ѕвезда во најдобра смисла на зборот. Користејќи го укулелето и продорниот глас исполнет со фини емоции, Ел-Писе изгради веќе во препознатлива ѕвезда. Додека самостојната кариера ѝ се „крчкаше“, талентот го користеше пишувајќи хитови за Ријана, Шер, Бекстрит Бојс и многу други, а веднаш по објавувањето на албумот „Forever for Now“, таа стана миленичка на критичарите. Кратко потоа го оствари и-пи албумот „Death Valley“ кој ја катапултираше во светската стратосфера, благодарејќи на главниот сингл, „Lost on You“ кој брои над 260 милиони прегледи на „ЈуТјуб“, како и преку 75 милиони стримови на „Спотифај“. Дури и нумерата, „Muddy Waters“ го пронајде своето место во четвртата сезона на популарната серија „Orange is the New Black“! Нижењето на ваквите успеси природно ја доведе до издавање на новиот студиски албум, „Lost on You“, со кој тргна на големата американска турнеја по која доаѓа и на овогодинешното отворање на Егзит каде сировата енергија на борбената њујорчанка ќе го поведе годинешното мото на фестивалот: EXIT Freedom!

ЕГЗИТ фестивал ќе се одржи од 12-ти до 15-ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и ќе ги претстави некои од најбараните светски ѕвезди како што се Migos, David Guetta, Ziggy Marley, Fever Ray, LP, Alice Merton, Nina Kraviz, Richie Hawtin, Adam Beyer b2b Ida Engberg, Maceo Plex, Solomun, Amelie Lens, Ben Klock, Jax Jones, Ofenbach, Mahmut Orhan, Carl Craig, Tale of Us, Sevdaliza, Burak Yeter, Madball, Brujeria, Ofenbach, Slapshot, Dog Eat Dog, Slaves, Idles, Asphyx, Bombers и многу други. Влезниците по промотивна цена со 60% попуст од финалната, за 3.580 денари се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат) , а на сајтот на официјалната туристичка агенција, exittrip.org се достапни итуристички пакети кои покрај влезницата, содржат можности за сместување и превоз до ЕГЗИТ фестивал.