Елегантниот HuaweiWatch 3 GTPro – Авантурата може да почне
Можеби ќе помислите
дека со нагласената употреба на смартфонот кој стана продолжение на нашето тело
дека повеќе не ни требаат часовници. Можеби основната функција за гледање колку
е часот е веќе надмината, но со смарт часовник како HuaweiWatch 3 GTPro ќе сакате постојано да го носите на раката.
Huawei Watch 3 GT Pro е елегантен и функционален уред кој ве тера постојано да го користите, ќе ве мотивира повеќе да вежбате и да се движите, а со беспрекорниот дизајн ќе биде ваш придружник на многу спортски, кежуал и свечени комбинации. Huawei Watch 3 GT Pro е смарт часовник со кој секоја девојка ќе биде исполнета, ќе биде одличен додаток на технологијата која ја користи секојдневно, а истовремено може да биде и симпатичен и впечатлив детаљ во модниот изглед.
Блескав додаток кој ќе ве издвои
Елегантната верзија на Huawei Watch 3 GT Pro има керамичко ременче со големина на куќиштето од 43 милиметри, лесен е како пердувче, и одлично стои на зглобот.
Овој саат сигурно добро ќе ви стои, најмногу благодарение на белата верзија која ние имавме можност да ја тестираме. Идеален е и за во фитнес сала, патека на кеј, или качување по планина. Но, може да се искомбинира и за секој ден на работа, како и за дневна кафе шема или ноќно излегување.
Керамичкото куќиште има полирана завршница со дијамантски прав, што му дава блескавост, и чиста површина, прекрасна за гледање и мамење погледи од вашите пријателки или симпатии.
Летото веќе започна и првиот тест на водоотпорност го направивме на базен. Со Huawei Watch 3 GT може да пливате како на базен, така и на отворено во море или езеро. Може да нуркате до длабочина од 30 метри и да ги следите сите движења при подводните подвизи. Рамката е составена од нерѓосувачки челик па така не треба да се грижите за можни оштетувања од водата. Huawei Watch 3 GT дефинитивно ќе ве поттикне на многу летни авантури.
Ве прави подобри
„Од понеделник почнувам во теретана“, „од први сум на диета“, „ќе одам почесто во природа“, се најчесто ветувања кои не ги исполнуваме, најчесто поради недостиг на мотивација.
Но, со Huawei Watch 3 GT Pro ќе функционирате како да имате персонален тренер на располагање. Тоа што постојано ја следи вашата физичка активност ќе ви даде мотив да направите повеќе чекори, да согорите повеќе калории, да продолжите да вежбате, џогирате или пливате.
Преку апликацијата Huawei Health може да го следите целиот напредок на вашиот смартфон, да добивате извештаи за активностите, со детални податоци за секој аспект од вежбањето.
Huawei Watch 3 GT Pro мери пулс, и ги мониторира вашите витални функции како ниво на стрес, телесна температура, притисок, а исто така има посебен дел кој е посветен на подобрување на квалитетот на вашиот сон. Практично се што ви е потребно за подигнување на здравиот начин на живот.
Бидете во предност
Huawei Watch 3 GT Pro во однос на многу други смарт часовници има главна предност во издржливоста на батеријата. Се полни безжично преку магнетен конектор, и тоа прилично многу брзо, па така постојано ќе биде активен, дури и кога неговиот екран е постојано вклучен.
Таквата опција е од голема корист бидејќи со изборот на многу позадини, од класични стилови, па се до модерни, блескави и елегантни ќе сакате постојано да бидат видливи, за совршено да се вклопат со вашиот моментален стајлинг.
Синхронизацијата преку Bluetooth со вашиот смартфон, без оглед дали е Android или iPhone, ќе ви озоможи прием на известувања, како за телефонски повици, пораки и аларми.
Преку часовникот може да одберете ваша музика, и со контролите на екранот може да одбирате песни, да засилувате тон или да одберете музика од библиотеката на смартфонот, како и да направите посебна плејлиста. Huawei Watch 3 GT Pro лесно се поврзува со слушалки преку Bluetooth и нема никакви прекини или проблеми според нашите тестови.
Со Huawei Watch 3 GT Pro сигурно ќе бидете во голема предност, имајќи во предвид колку знае еден ден да донесе бројни предизвици, како на работното место, така и во слободното време.
Овој смарт часовник ќе ви помогне подобро да се организирате, да ги планирате обврските, како и да си поставите цели кои преку мониторингот полесно ќе ги остварите.