ЕЛЕНА: Откријте го значењето на името и луѓето кои го носат
Елена е многу често име во нашата земја.
Се верува дека ова име потекнува од грчкото „Елене, Хелене“ изворно од „hele“ што значи „сончева светлост, сјајна, блескава“. Според хеленската легенда, тоа било името на најубавата жена во светот, ќерката на Зевс.
Во Хомеровата „Илијада“, убавата Елена е жената поради која настана крвавата Тројанската војна.
Во христијанството, позната е царицата Елена, мајка на цар Констанстин.Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Жените кои го носат ова име се верува дека зрачат каде и да се појават.
Варијанти на името Елена се: Јелена, Ленка, Хелена...
Ова е едно од најпопуларните имиња во светот.