Eлена Пренџова: Oпштеството никогаш не престанало да има предрасуди во однос на жената
Дека жените треба да се борат за своите права и еднаквост, кај нас и во светот, на Меѓународниот ден на жената 8 – ми март, го потврдува и поетесата, слемерка и феминистка Елена Пренџова. Таа вели дека и ден денес има етикетирање на жените насекаде, зависно од тоа дали се во брак или не, дали се вработени или не и слично. Со Пренџова разговараме за улогата на жената во општеството, но и во книжевниот свет.
Фактор: Во пресрет на 8-ми март, каде ја гледате положбата на жената во македонското општество?
Моменталната положба на жената во македонското општество ја гледам како тенка линија на која истовремено чекорат бабите на бабите на мојата генерација жени, но и ќерките на ќерките на жените од мојата генерација, само што едните повешто балансираат (народот вели си легнале на брашното), а другите мака мачат да ја изодат линијата до крај без да се вплеткаат во неа или да се слизнат од неа (народот вели не им иде паметот).
Целото интервју на Фактор.мк.