Елена Ристеска: Бог никого не остава

Добивај вести на Viber

Поп-ѕвездата Елена Ристеска која последните неколку години се соочи со повеќе исклучително тешки животни предизвици, со една од многуте мудрости на Платон го сподели на социјалните мрежи нејзиниот став за самоконтролата и за вербата во Бога.

- Преголемата слобода не е ништо друго освен преголемо ропство. А мудриот апостол Павле, кој им е познат на сите и кој ја покрстил цела Европа, поминал дури и на територијата на нашата Татковина, вели дека сѐ ни е позволено, но не ни е сѐ од полза. Колку мудро кажано! Значи треба да имаме самоконтрола. Верата ги прифаќа сите, а Бог посебно ги милува грешниците, ги љуби, го сака нивното поправање. Затоа, несфатливо е исмевањето со светите нешта и со светците, сквернавењето на ликот Божји во човекот, бидејќи тоа не претставува слобода, туку повредување на нечии чувства.Симболите на верата го симболизираат нашето раѓање, нашиот живот и смртта. Ништо не ве чини да ширите љубов, да ширите позитивна енергија и да се молите- пишува пејачката.

Ристеска им порачува на фановите да се сакаат себе си.

- Сакајте си ја верата, оти таа ве сака вас. Бог е со нас, во нас и секогаш со сите. Бог никого не остава- нагласува таа.