Актуелно // Insta вести
Елена Ристеска ѝ го честиташе роденденот на сестра ѝ Драгица со фотографии зачувани како спомени: „Една е сестра“
- 23 Јуни, 2024
Со фотографии од заеднички моменти, пејачката Елена Ристеска и го честиташе роденденот на нејзината сестра Драгица, која наполни 43 години.
„Една е сестра! Најсреќен роденден“, напиша Елена.
Не е тајна дека двете сестри секогаш си се поддршка една за друга. Драгица и е поддршка на Елена во нејзината музичка кариера, додека пак таа е секогаш горда на успехот на нејзината сестра како уметник.
„Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав уметник“, изјави Елена за Женски магазин.
Фото: Инстаграм