Елена Ристеска пред 20 години v.s Вера Јанковиќ денес (60): Познатата ди-џејка и водителка како тинејџерка

Добивај вести на Viber

Во јануари годинава познатата водителка и ди-џејка Вера Јанковиќ наполни 60 години. Но таа е една од дамите во нашата земја на која годините не ѝ можат ништо, бидејќи изгледа неверојатно добро. Имаодлично тело и на него може да ѝ позавидат многу нејзини помлади колешки.

Овој пат, Јанковиќ се пофали дека го посетила Ластово, остров и општина кој се наоѓа во Дубровничко-неретванската жупанија во Хрватска. И оттаму сподели неколку фотографии на кои таа изгледа како тинејџерка. 
Вера на себе носи кратки сини панталони, маичка во сина боја на која има бринт бројка, патики, а и косата ја врзала во две опавчиња.

Целиот изглед на оваа 60-годишна дама потсетува на препознатливиот изгледот на пејачката Елена Ристеска, од видеото на нејзиното деби,песната „Она другото“, која тогаш носеше слична маичка, но во црвена боја, кратко здолниште и чорапки и со тој изглед остана запаметена како девојчето со црвените чорапки. 


Секоја чест Вера! 


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot

Р.Ж.М.