ЕЛЕНА СТЕФАНОВСКА, ВОДИТЕЛ НА НАСТАНОТ „ДАМА-ДА“: На секоја жена треба да и е убаво во својата кожа

Добивај вести на Viber

Сите дами кои внимаваат на себе и својот изглед, на здравиот начин на живот, а од друга страна  многу вложуваат во стилот на своето семејство ќе имаат убава можност да добијат информации и совети од стручни лица од областа на здравјето, личниот развој, негата, убавината

Водителката Елена Стефановска ќе биде водител на настанот „ДАМА-ДА“, кој ќе се одржи на 31 март во Скопје, во „Хотелот Холидеј ин“ од 10 до 16 часот.

„ДАМА-ДА“  е тематски ден, посветен на животниот стил на современата жена, кој годинава е со ребрендирано лого, а по 4.пат го организира агенцијата „Марили“.  Ќе бидат презентирани едукации од експерти од областа на медицината, фармацијата, козметологијата, личниот развој, развој на кариерата, модата, здравата исхрана. Од истите овие области ќе се претстават со изложбени штандови голем број на компании, а штандовите освен изложбен, ќе имаат и продажен карактер.

Во централниот дел на денот ќе има и дебата со специјалната гостинка Јелена Бачиќ - Алимпиќ, позната писателка, новинарка, и Тв водител од Србија


Во централниот дел на денот ќе има и дебата со специјалната гостинка Јелена Бачиќ - Алимпиќ, позната писателка, новинарка, и Тв водител од Србија. Дебатата ќе се однесува на тоа што претставува современата жена од денешен аспект и таа ќе биде од отворен карактер. Тематскиот ден ќе продолжи со хуманитарна аукција на слики во која ќе учествуваат и жените менаџери од „Марили бизнис клуб“, а собраните средства ќе бидат донирани во една Јавна здравствена установа.

„Сите дами кои внимаваат на себе и својот изглед, на здравиот начин на живот, а од друга страна  многу вложуваат во стилот на своето семејство ќе имаат убава можност да добијат информации и совети од стручни лица од областа на здравјето, личниот развој, негата, убавината. Станува збор за тематскиот ден во функцијата на современата жена, ист по тематика, но со ново име  “ДАМА-ДА” кој е посветен на дами од сите генерации.  Јас како водител на настанот можам да кажам дека на една недела пред него, комплетно сме подготвени за сите посетители. За мене претставува една убава можност за дружење, и затоа сакам да ве поканам сите, да се дружиме заедно и да покажеме зошто ни е убаво во сопствената кожа. За сите дами во Македонија, кажете ДА!“, ни изјави Елена Стефановска. 

Комплетната програма за настанот, со сите предавачи, може да се погледне овде:   http://www.marili.com.mk/dropion/?page=2072 .


Милица Џаровска