Елена Велевска ја крена дијаспората на нозе во Швајцарија, па се сликаше кај највисоката виљушка во светот (ВИДЕО-ФОТО)

Добивај вести на Viber

Викендов кој е зад нас, беше плоден за пејачката Елена Велевска.

Таа настапуваше пред иселениците во Швајцарија, , а според пишуаањата на настанот биле присутни околу 3000 гости.

Од видеата кои кружат на социјалните мрежи, гледаме Елена добро ја забавувала дијаспората во малото швајцарско место во југозападна Швајцарија.


По забавата во сабота, пејачката вчерашниот ден го искористила да прошета, па се фотографирала и кај најчудниот споменик поставен во Женевското езеро - висока виљушка, во градчето Веве.

Веве, како и блискиот Монтре, е познато како модерно место со блага клима и многу сонце во текот на годината.

Градот е познат и како седиште на светски познатата кондиторска индустрија „Нестле“, која е основана таму во 1867 година.


Оваа виљушка, висока 8 метри и широка 1,3 метар,  има статус на една од највисоките виљушки во светот, а такви има повеќе - во американските Мисури и Колорадо.


На брегот на Женевското Езеро, на швајцарско-француската граница, се наоѓа гратчето Веве - создадено за мирен одмор, прошетки покрај езерото и уживање во идилата што ве опкружува, но и џиновската виљушка која излегува од езерото.

Необичниот споменик наречен „Ла Фурчете“ е поставен во 1995 година во чест на 10-годишнината од Алиментариумт, градскиот музеј посветен на исхраната. Споменикот бил направен од швајцарскиот уметник Жан-Пјер Кауг.


ФОТО: Инстаграм Screenshot