ЕЛИЗАБЕТА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Името Елизабета е од хебрејско потекло и значи „Бог се колне“ или „Господова заклетва“. Бидејќи хебрејскиот збор за заклетва е поврзан со бројот седум, според друго толкување на ова име, тоа значи „Бог е седум“. „Седум“ има симболична вредност, па во таа смисла името Елизабета значи „Бог е среќа“. Еве и други толкувања што се однесуваат на овој број, како на пример „Бог е совршенство“. „Seba“ (седум) е света бројка во која се колнеле во тоа време. Во симболиката на брјот седум е збирот на 3 (Бог) и 4 (светот). Елизабета беше мајка на Јован Крстител во Библијата. 

Најчесто скратено име кое потекнува од Елизабета е Бети.

Нумеролошката вредност за името Елизабета е 2. Луѓето по име Елизабета се нежни и мирни по природа. Тие имаат смирувачки ефект врз околината и секогаш се полни со зборови на утеха за другите. Оваа бројка најмногу носи успех во приватниот живот.