Ема по втор пат ја донираше својата коса за болни дечиња: Пример за сите

Добивај вести на Viber

Малата Ема е вистински херој. Таа ни го разубави денот, а на некое болно детенце ќе му го разубави и животот.

Таа по втор пат ја донира својата коса за изработка на перики за деца кои ја губат косата поради болести.

Ема е ученичка во 4то одделение во ООУ Наум Охридски во Булачани.

Нека примерот на Ема биде мотив за сите нас. Во себе да го разбудиме чувството за хуманост и солидарност, бидејќи кога се има желба секогаш има начин на кој може да се подаде рака за помош.