Емотивен концерт во чест на Зафир Хаџиманов: „Љуби ме и главата горе“ во изведба на неговата внука Марта

Добивај вести на Viber

Концерт полн со емоции и сеќавања за музичарот Зафир Хаџиманов вчеравечер се одржа во Филхармонија.

Блиски пријатели и соработници на пејачот раскажуваа приказни, анегдоти и ги пееја евергрините кои своевремено ги отпеа тој во неговата долгогодишна кариера.

Посебно емотивен дел на концертот беше изведбата на песната „Љуби ме и главата горе“ од неговата внука Марта Хаџиманов.

На концертот песни од Зафир пееше и Бисера Валетанлиќ инаку сестра на неговата сопруга Сенка, Калиопи, Сашо Гигов-Гиш, а актерот Никола Ристановски ја отпеа последната песна на Зафир Хаџиманов „Камен“ чии стихови ги напиша тој.

Режисерот Коле Ангеловски пак раскажа анегдоти од животот на Зафир и од нивните заеднички дружби.

Концертот заврши со емотивна изведба на „Од љубов не се бега“ отсвирена на клавир од неговиот син Васил Хаџиманов.


Фото: Вангел Тануровски