Емотивна изведба на Андријана Петрушовска во „Ѕвездите на Гранд“: Македонската кандидатка ги скара Мили и Марија Шерфовиќ

Добивај вести на Viber

Честа да го отвори вчерашното шоу „Ѕвездите на Гранд“ го имаше македонската кандидатка Андријана Петрушовска и нејзината девојка за дуел, Вања Јовановиќ.

Дуелот предизвика дебата меѓу членовите на жирито кои се согласија дека и двете кандидатки блеснале во првите песни, а потфрлија со вторите изведби.

Петрушовска како прва песна ја отпеа „Лихнида кајче веслаше“, додека за втора одбра песна од Цеца.

Откако резултатот беше 5:4 во корист на Петрушовска, нејзиниот ментор Александар Милиќ Мили веднаш ја нападна Марија Шерифовиќ, која не гласаше за Андријана.

Шерифовиќ рече дека прв пат не гласала за македонската кандидатка, затоа што не и се допаднала како ја отпеала втората песна.

Андријана за ова нејзино појавување во „Ѕвездите на Гранд“ одбрала долг фустан со шеќерно розова боја и пердувеста наметка.

Фото: Инстаграм
Извор: Grand.nova.rs