Енергија за цел ден: Пијте од ова и кажете збогум на уморот

Добивај вести на Viber

Смудито е пијалак во кој можете да ставите разни видови на овошје и зеленчук, а истиот да остане вкусен. Веќе е познато дека овој пијалак го забрзува метаболизмот, но исто така го поттикнува и разградувањето на масните клетки. Тој е хранлив и освежувачки, а истиот може да биде одличен сојузник во губење на вишокот килограми.

За да го регулирате метаболизмот и да намалите од вишокот килограми, нутриционистите советуваат да консумирате смуди со банана и замрзнато овошје.


Потребни намирници:

• ½ шолја незасладено бадемово млеко

• половина замрзната банана

• ½ шолја замрзнати цреши (вишна или некое црвено овошје)

• 1 лажичка какао во прав


Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте. По потреба, додадете бадемово млеко за да ја добиете посакуваната густина. Ваквото смуди е совршен пијалак за убав почеток на денот, а за негова припрема можете да користите намирници кои најмногу ви одговараат.


9 начини да се подготвите побрзо за работа наутро