9 начини да се подготвите побрзо за работа наутро
Можете да правите далеку покорисни работи наутро, отколку да седите пред гардероба и да се прашувате што да облечете или да го обиколувате станот во паника, барајќи ги наочарите.
Ако раните утрински часови на денот ви се хаос и често доцните за работа, следете ги овие совети за подобра организација.
1. Оставете го телефонот подалеку од креветот. Така кога алармот ѕвони, нема да можете едноставно да го исклучите и да продолжите да спиете, а ќе треба да станете.
2. Подигнете ги ролетните или повлечете ги завесите. Нема како да се успивате, ако сонцето ви свети во лицето.
3. Подгответе ја чанта или барем сите ваши најважни работи (пари, клучеви и сл) од претходната вечер, држете ги на едно место.
4. Проверете ја временската прогноза однапред, за да знаете каква облека да облечете и дали да си приготвите чадор.
5. Испеглајте ја вашата облека за денот од претходната вечер.
6. Координирајте се со партнерот. Бидете сигурни дека нема да ја користите бањата во исто време или да се тркате за кафе машината.
7. Направете си студен туш за да се расоните побрзо.
8. Носете слична облека секој ден. Тоа е стратегија на познати личности како Бил Гејтс и Марк Цукерберг, кои тврдат дека така не губат време наутро во размислувања што да облечат.
9. Не прегледувајте профили на социјалните мрежи. Оставете го ова занимање за подоцна во текот на денот.