ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ (13): ИСПОЛНЕТИ СОНИШТА

Добивај вести на Viber

Седнаа на една од двете клупи. Меѓу клупите беше поставена мала масичка. Ги ставија чашите вино и ја посматраа месечината која го осветлуваше небото. Ноќта беше мирна, тивка, создадена за уживање. Полека го пиеја виното и уживаа во прекрасниот поглед. Во меѓувреме Бојан донесе две чинии, со прибор и тава со месо од мисирка и зеленчук. „Пробај од тавата“ ѝ кажа на Ана и додаде: „Кети затоа вечерва направила мисирка. Тоа и е специјалитет“. Таа проба и му одговори: „Многу е вкусно“ и продолжи да зборува: „Заврши сè. Одморот беше незаборавен. Дружењето ни беше феноменално. Од утре вечер почнувам на работа со дежурство“.

Бојан ѝ одговори: „Смири се. Вечерва сме сами и сакам да бидеш спокојна за да ни биде одморот комплетен. Утре ќе дојдам јас со тебе, секако треба да се видам со колегата директор и да се договорам од кога ќе почнам да работам на клиника. Олеснителна околност е тоа што Кети работи повеќе години кај мене и функционира совршено со децата, а и тие ја обожуваат. Нема да ѝ биде проблем да ги оставам сами извесно време. Таа многупати досега останувала со нив. Ние кога можеме ќе доаѓаме да ги видиме децата, па ако сè е во ред, ќе се преселат со нас да живееме заедно. Куќата е убава, ја градев со мерак и е комотна, но ќе видиме. Може ќе ја продадам. Во моментов најважна е нашата љубов. Што мислиш?“ „Па, се согласувам Бојан. Сосема си во право, подобро да не мислам, но мораме да бидеме трпеливи бидејќи додека сè средиме, сигурно ќе имаме и непредвидени ситуации“, му одговори нему. 

Јадењето беше вкусно, но Ана сосем малку изеде и испи една чаша вино. Бојан си тури уште една чаша вино и ѝ рече: „Мене ништо не ми е тешко. Покрај мене имам нешто најдрагоцено, мила моја. Сега ниедна препрека не постои што не можам да ја совладам. Те сакам, не можам да се изнарадувам што сме заедно, ти си мој мотив“.

Почна да ја бакнува. Полека одеше со јазикот кон вратот. Ана се возбуди. Уште не беа се оладиле од пред малку. Почна да ја бакнува сè подолу и подолу. Ана почна да го фаќа по панталоните. Го осети неговиот цврст орган. Тој ѝ рече: „Ајде внатре во куќата“.

Влегоа во куќата. Се качија горе. Се превртија на спалната. Таа почна да му го соблекува кратките панталони, а тој фустанот. Се соблекуваа двајцата ги фрлаа алиштата по подот, низ спалната. Тие беа занесени и ништо не забележаа. Се чувствуваа како да ги опфатил некој талас и ги шета лево-десно. Ѝ ги бакнуваше нозете од долу до горе. Ѝ ги лижеше бедрата. Тој се премести спроти неа. Ја стегна со сета сила и силно и ги рашири нозете и ѝ го бакнуваше меѓуножјето. Таа уживаше и со непцата го стегна неговиот орган и влезе длабоко со устата до крај. Го шмукаше навнатре, со забите го грицкаше и почна неговиот орган да ѝ влегува до грлото. Тој со јазикот влегуваше сè подлабоко во нејзината слатка смоква. Ги чувствуваше нејзините пулсирања, а таа неговите. Со рацете му ги месеше тестисите. Потоа ја отвори устата и со устата му ги шмукаше тестисите. Бојан не можеше да издржи. Таа се врати повторно во неговиот орган. Додека тој ја лижеше, таа почна сè појако да го стега со забите. 

Бојан се исправи, ја зеде Ана и со рацете ја заврти од назад. Тој исправен се надвисна над неа и ѝ ги рашири нозете и влезе во неа. Ана беше на коленици и тој ја поткрена. Се движеа рамномерно, а Бојан ѝ ги масираше градите. Таа се местеше да може полесно да влегува и излегува од нејзиниот врело тело. Кога копнежот, страста и задоволството ќе се измешаат, стануваш врел. Во еден миг почнаа да свршуваат двајцата заедно, со крици. Задоволството ги опфати. Телата им беа во грч, целите беа залепени, испотени со сокови по нив. Лежеа во неподвижна состојба и потоа бакнувајќи се станаа. 

Отидоа заедно да се тушираат. Се масираа, се поливаа со миризлива капка за бањање тело. Водата им ги миеше телата. Туширањето ги освежи. Отидоа во спалната. Ги собраа алиштата се облекоа. Бојан предложи да се симнат долу. 

Гледаа телевизија. Не говореа ништо, не сакајќи да го скршат овој магичен момент, миг кој се доживува само со саканата личност. Миг којшто на човек му дава крилја и сила да го продолжи животот со вера и надеж дека некој те сака, те почитува, едноставно се грижи за тебе. Кога ќе го видиш сонцето како изгрева, те избликува радост бидејќи ќе го видиш посакуваното лице. Гледајќи телевизија Бојан ја понуди кафе. Ана се напи пола филџан нес-кафе, а Бојан цел филџан. Грицкаа ореви и лешници. Беа многу изморени. Ана почна да дреме. „Изморена сум, Бојан“, му рече нему. „И јас“, одговори Бојан и ѝ кажа: „Ајде да се качиме горе“. Се качија во спалната, си облекоа во пижами и легнаа.

Бојан заспа, а Ана не можеше да заспие, долу пред телевизорот задрема и ѝ се скрши сонот. Стана и излезе на тераса. Ноќта беше мирна, тивка, топла. 

Почна да размислува. За колку малку време многу работи си дојдоа на свое место. Секој нареден ден е нов ден, нова среќа, нови настани. Веќе почнаа иден живот, во план им е вработување на Бојан, па понатаму преселба. „Може и за децата ќе биде освежување“, си помисли во себе. „Нова средина, нови другари. Имам обврска и со Стефан и со Стефани да се запознам за да имаат доверба во мене. Ќе треба многу да се потрудам за да се поставам другарски. Морам да научам да балансирам. Истовремено да бидам добра, строга и правична, да бидам другар со нив и да стекнам доверба за да можат да се потпрат на мене кога ќе имаат некаков проблем, но истовремено да им бидам и авторитет“, си продолжи да размислува во себе.

И што ќе биде понатаму, не може да се претпостави. Ваква приказна несекојдневна, не се случува секогаш. Ако среќата дошла кај некого треба човек да се гордее и максимално да се потруди за да ја задржи. Многу работи се доживуваат и преживуваат, но за сè треба трпение. Животните поуки се учат од моменталната ситуација, нема правила, животот тече како водопад. Досегашните соништа се исполнија. Може некогаш пак ќе ни се вкрстат патиштата и ќе ѕирнеме во животот на нашите јунаци за да ја раскажеме нивната понатамошна животна сторија.

АНИ