Еротски приказни: ВО СРЦАТА СЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНЕМЕ ЗАЕДНО

Добивај вести на Viber

Кога излеговме од кај директорот јас и Ема си отидовме секоја во својата соба бидејќи бевме презаситени од сè што ни се случуваше и ни беше потребен одмор. Кармен беше на работа и се договоривме утредента да ѝ раскажеме сè.

 Утредента отидов кај Ема, а таа веќе се беше спакувала. Ме пречека со зборовите: „Нестрплива сум многу. Едвај чекам да заминам за да го гушнам синчето и да го оттргнам од канџите на таа отровна жена. Се чувствувам слободна“.

 Кармен дојде од дежурство. Во последниве денови и таа беше некако мистериозна, замислена и без концентрација. Слеговме во кантината, појадувавме и отидовме на нашето место кај малото паркче и клупите. Беше тивко и мирно. Потоа на Кармен ѝ раскажавме за смртта на Хуго. И таа рече дека ѝ е жал, но сите очекувавме уште кога тој избега од затвор. Им раскажав за врската со Бруно дека е во ред, меѓутоа за тоа како ќе се одвива врската понатаму ќе видиме.

 По извесно време, Ема ѝ се обрати на Кармен: „Директорот ми одобри отсуство, деновиве ќе ми резервира авионска карта и ќе одам дома за да си го видам син ми“ и додека зборуваше очите ѝ се насолзија.

 Кармен нѐ погледна и ни кажа: „Имам новост за вас. Со еден пациент разговарав и ми рече дека брат му бил директор в клиника и барале медицински сестри. В разговор му кажав дека сакам да променам место на работа и тој ме препорачал и ме примиле. Се двоумам затоа што е на другиот крај од светот, но морам да заминам некаде и да ставам крај на мојата ситуација“. Кармен и Ема почнаа да плачат, а јас за да ги утешам им реков: „Животот е незапирлива река, меѓутоа, каде и да сме, ние ќе останеме три тела – една душа. Спонтано се здруживме и иако доаѓа миг за физичка разделба, со срцата секогаш ќе си останеме заедно“.

Тргнавме накај собите. На Ема ѝ заѕвони мобилниот. Се јави директорот и ја праша дали прифаќа за два дена да ѝ резервира авионска карта. Таа прифати и беше многу среќна. Попладнето бев дежурна. На пауза ми се јави лекарот Филип и ме викна кај него на разговор. Тој потврди дека на Кармен ѝ посакува сѐ најдобро и за да ја среди психичката состојба треба да промени место на живеење.

Утрото кога заминував од дежурство ми се јави Барни. Сакаше да се видиме веднаш. Ми беше чудно што сака да се видиме. Сигурно има нешто да ми соопшти. Му кажав дека најмногу за еден час ќе бидам подготвена.

Дојде Барни. Беше натажен. Влеговме в кола. Возејќи ме праша дали сакам да одиме во хотелот каде што е сместен или да пиеме кафе на некое друго место. Мене ми беше сеедно и отидовме кај него во хотелот. Градината на хотелот беше живописно украсена со разни медитерански цвеќиња што беа уживање да се гледаат. Седнавме во раскошно облагородената градина за да пиеме кафе.

Имаше некоја веселба и свиреше музика. Сите играа и Барни ме покани да играме. Почнавме да играме валцер, но ниту тој ниту јас не знаевме да ги правиме чекорите правилно и се испогазивме еден со друг. Но затоа, тој цврсто ме имаше припиено кон себе и градите ми ги имаше притиснато длабоко во неговите. Нашите припиени тела му дозволија на адреналинот да се качи високо. Срцата ни чукаа во ист ритам и се чувствуваше возбудата помеѓу нас. Бруно почна да ме бакнува во образите. Заврши музиката и пред да седнеме на маса сакав да му кажам на Бруно да одиме во собата.

Бруно, најверојатно, ме прочита и, сигурно, нему му беше желба да имаме секс, меѓутоа ми рече: „Нада сакам да поразговараме. Ова е сериозна тема за разговор и зависи од тебе. Нема да должам. Морам да одам во друга држава. Таму ќе отвораме претставништво и ќе градиме. Тоа е бизнис, не се знае каде ќе те однесе. Те запознав непланирано, но ти си ми преблиска, како да те познавам цел живот. Собрав храброст и сега те прашувам дали сакаш да дојдеш со мене за да бидеме заедно? Работа ќе најдеш и таму“.

Што да му одговорам? Кога дојдов овде направив грешки и немам некои пријатни спомени. Во моментов, ми се нуди прилика да променам сѐ во мојот живот. Кармен ќе оди и нема да се врати, можеби и Ема.

Ова за мене беше авантура, па колку ќе трае нека трае. Решив да прифатам. Кога му соопштив на Барни, ме осипа со врели бакнежи. Беше пресреќен и отидовме во неговата соба за да се спакува бидејќи тој и денес ќе замине, а јас штом дадам отказ.

Нозете ми се тресеа. Не можев да си се изначудам како наеднаш се менува цел живот. Почнавме да пакуваме. Додека бев наведната на креветот и го пакував, ми го тргна здолништето и слушнав како се отвора неговиот патент од панталоните. Го почувствував неговиот набрекнат „орган“ како полека ме „исполни“ и го набиваше неговиот „орган“ жестоко „одзади“. Потоа, ми ја качи едната нога на креветот и ми го масираше задникот. Двајцата доживеавме врвен оргазам. Јас се грчев, а тој со сперма ми го испрска грбот. Барни ме бакна и ми рече: „Уште кога игравме заедно се возбудив. А и ова што прифати да дојдеш со мене да живееш, многу ме расположи. Јас сум многу среќен“.

Се спакувавме и слеговме на ручек. Подоцна, ги зеде куферите и замина на аеродром, а јас со такси си заминав кај мене. На разделбата ми кажа: „Те молам, среди сѐ и побрзо да се видиме. Ќе ти овозможам најубав живот“. Ништо не помислив – ја чекав иднината.

Другиот ден Ема замина дома. Јас и Кармен отидовме кај директорот и му кажавме за нашите откази. Тој нѐ замоли да работиме додека да дојдат други нови медицински сестри за да не заменат. Кармен замина прва, а јас по неколку дена. Се јави Ема. И таа останала со синчето да живее и се вработила во блиската болница.

***

Оттогаш помина многу време. Со Кармен и со Ема се слушаме секој ден и планираме да се видиме.

А со Барни? Останавме заедно. Љубовта и почитта помеѓу нас се сѐ поголеми од ден на ден. Живееме в куќа како од бајките. Додека ја пишувам приказнава, седиме во големиот двор на нашата прекрасна куќа и ги гледаме радосно нашите две ќеркички како трчаат низ дворот со кучето.

ПРИЈАТЕЛКИ


Прочитајте ги и другите колумни на Пријателки:

Еротски приказни: РАЗДЕЛБА БЕЗ ПОЗДРАВ

Еротски приказни: ОСТВАРЕН СОН

Еротски приказни: НА ПОВРШИНА ИСПЛИВУВА НЕШТО НОВО