Есента е пред прагот: 8 модни Инстаграм трендови кои нема да ги тргнеме од себе оваа сезона (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Тик-так, тик-так... Наскоро излегуваме од бикини и скокаме во неодоливата топла ткаенина!

Како што наближува есента, не можеме да ја сокриеме возбудата поради „новата“ гардероба и слоевитите комбинации на облека што ги носи есенската сезона. Од предимензионалните блејзери и макси здолништа до удобни плетени фустани, имаме со што да си играме! Денес го пребарувавме Инстаграм и најдовме 8 трендови што ќе ги копираме од септември.

1.Макси неутрал

Волуменуозниот фустан во неутрален тон е вистинско парче за средината на сезоната. Заборавете на сандалите, бидејќи наскоро на сцена ќе стапат чизми до колена!

2.Костум

Модна лекција од улиците на данската престолнина број 1, е костум! Панталоните со висок струк се веќе нашите омилени, а комбинацијата од бели маици и патики New Balance остава впечаток на оној effortless vibe кон кој се стремиме.

3.Урбана ученичка

Назад во школо! Кардигани и плетени елеци комбинирани со кошула и чино панталони? О да! Размислете и за мини здолниште со набори.

4.Плетено дуо

XXL џемперите диктираат стилски правец и оваа есен. Ако не можете да одлучите за еден, ставете два! Необавезното врзување околу рамената или половината е секогаш добра идеја.

5.Есенски монохром

Целокупниот изглед во црно е резервиран за ИТ девојките. Ќе постигнете динамика играјќи со различни структури и форми, па умно измешајте трикотажа, кожа и полесни материјали како памук и вискоза. 

6.Нова униформа

Деним на тексас! Го копираме канадскиот стил оваа сезона, а парчињата фармерки се се што ни треба. Од средниот тон на тексас до најтемниот, играта со нијанси на тексас е есенски императив.

7.Мантил во фокусот

Ако треба да се одлучиме за едно парче што ја илустрира новата сезона, тоа дефинитивно би било палто. Од тренч до ретро кожни модели со големи ревери, мантилот е задолжителен во есен.

8.Пруги засекогаш

Ја менуваме маичката со пруги што ја носевме во текот на летото, за џемпер со пруги! Со бермуди и мартиники, ќе добиете изглед кој нема да помине незабележано.


извор:stil.kurir.rs
фото:instagram