Еве како изгледа бремената Анастасија без шминка: Таа објави ново видео за кое сите зборуваат

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот избраник, фудбалерот Немања Гудељ наскоро ќе станат родители, а пејачката со него престојува во Шпанија каде чека и официјално да добие документи за престој.

Додека Немања е на тренинзи, Таша е многу активна на социјалните мрежи, и секојдневно објавува фотографии и видеа, а сега го покажа трудничкото стомаче и на своите следбеници, а со тоа и покажа колку ужива во бременоста.

Во ова видео Анастасија позира без шминка, а впечатокот на следбениците е дека таа никогаш не била поубава. Под белиот, малку поширок комбинезон и се оцртувa стомачето, кое се повеќе го експонира.

Таа и Гудељ се уште не зборуваат дали наскоро ќе стапат во брак или сепак ќе се одлучат за вонбрачна заедница, дури и името на бебето се уште го држат во тајност. 


Фото:AnastasijaRaznatvoic/facebook/instagram