Еве како Миа Костова изгуби 17 килограми: Ако ви се тресат рацете, од бурек нема да престанат, ама...

Добивај вести на Viber

Водителката и инфлуенсерка Миа Костова објави фотографии на нејзиниот Инстаграм профил од нејзината трансформација во килажата.

За неколку месеци таа успеа да симне 17 килограми, и тоа без вежбање во теретана и без некоја ригорозна диета, односно применила калориски дефицит односно броење на калории.

„Првите 10 килограми ги симнав само со калориски дефицит по мој начин, и не беше брзо, за некои 3 месеци. Моменталната килажа освен што е спласната во два дена од вирус, точно 4 недели не внесувам никакви млечни производи и не можам да верувам колку ми годи. Немам отоци немам задршки едноставно не ми било полесно. Живеам на многу риба, месо, зеленчук, понекогаш овошје … не грешам речиси 10 месеци. Дали е диета? – Не е. Помирување е дека таква ми е среќата и дека во овој живот нема да се најадам. За каква било промена ви треба само истрајност и не може да не може“.

Миа направи ретроспектива со неколку фотографии како изгледала кога имала 53 килограми. Исто така објасни дека не се лишела од нејзиниот омилен пијалак – виното, и го консумира кога таа сака. Знае да седне во кафеана и да нарача мезе, но тоа што таа смета дека и одговара.

Исто така не се лиши од задоволствата кои ја прават среќна, како кафе со мед.

Миа вели ако ви се тресат рацете, од бурек нема да престанат да ви се тресат, наместо благо земете десет јагоди.

Она што таа го смета како најважно е дека сè е до главата. Да ти закрчи стомакот и броење калории за мене е број еден ако сакаш да ослабеш“.

Признава дека се бори со целулитот како и секоја прва жена, но вели дека има целулит од разреден тип.

За овој тип на исхрана, Миа вели дека тоа е нејзин избор, но доколку некој сака да го примени, најдобро би било да се консултира со стручно лице, ова што таа го споделува е само нејзино искуство.

„Не сум нутриционист, ниту фитнес тренер, јас сум само паталец кој три пати во животот варира со килограмите. Во ниту еден момент не се работи за изгладнување, но имате варијации многу вежбање, балансирана исхрана, а она што е најважно … всушност сè е во главата“.

Фото: Инстаграм